НАЈЕДНОСТАВНА, А НАЈВКУСНА ПОГАЧА…Мека како памук..Свекрва ми ме научи како најлесно и најбрзо да ја направам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.5 чаша топло млеко (300 мл)
50-60 мл масло
1 кесичка сув квасец (10 г)
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 белка
4-4.5 чаши брашно
30 г путер
1 жолчка за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот со топло млеко, па додајте масло, белка и сол, па сето изедначете го. Започнете постепено да го додавате брашното и замесете меко тесто кое не се лепи на рака.

2.Покријте го и оставете да ферментира 45 минути или колку што е потребн и за да го удвои волуменот.

3.Стасаното тесто нежно премесете го, обликувајте топка и развлечете го во кора 30 см. По потреба малку посипете со брашно за да не ви лепи.

4.Со помош на обична чаша за вода сечете кругови (приближно 19 големи и 9 помали) за калап 26 см.

5.Намастете го калапот со растопен путер на дното и ѕидовите. Редете ги големите кругови околу обрачот, преклопувајќи се скалесто еден преку друг и обликувајќи прстен. Секој круг премачкувајте го со путер.

6.Во средината на ист начин, скалесто наредете ги помалите кругови.

7.Покријте ја погачата и оставете да ферментира 15-20 минути за да го зголеми волуменот, додека се загрева рерната на 180 степени.

8.Одозгора премачкајте ја со жолчка помешана со 1 лажица млеко (10 мл) и по желба посипете сусам (опционо). Печете ја додека да зарумени и оставете да се олади на решетка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/_bZZDr08Eus?si=RXnZ5sbBZMo55_F_