Чоколадни обланди – традиционален рецепт за совршен десерт
Овој рецепт за чоколадни обланди е проверена класика, пренесувана низ генерации.
Едноставен за подготовка, а неодолив по вкус, овој десерт е идеален за секоја пригода – од семејни собири до празнични трпези.
Со богатиот вкус на чоколада, ореви и кекс, овие обланди ќе ги воодушеват сите љубители на слатки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 5 листови обланди (1 пакување)
– 5 мали филџани (80-100 мл) шеќер
– 5 мали филџани (80-100 мл) млеко
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 150 г путер или маргарин
– 200 г чоколада за јадење и готвење
– 100 г мелени ореви
– 100 г мелени бисквити
– НМД


Постапка:
1. Во тенџере на средна температура ставете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и млекото. Промешајте и оставете ја смесата да зоврие.
2. Додајте го путерот или маргаринот, исечен на коцки, и чоколадата, искршена на парчиња. Исклучете ја ринглата и мешајте додека сите состојки целосно се растопат и соединат во хомогена смеса.
3. Тргнете го тенџерето од ринглата и додајте ги мелените ореви и мелените кекси. Промешајте добро за да се соединат состојките.
4. Оставете ја смесата да се излади околу 15 минути.
5. Земете еден лист обланда и поставете го со грубата страна нагоре, а мазната страна надолу. Со кутлача нанесете една четвртина од филот и рамномерно распоредете го преку целата површина.
6. Преку филот ставете втор лист обланда и повторете ја постапката со нанесување на уште една четвртина од филот. Продолжете со третиот и четвртиот лист, нанесувајќи фил меѓу секој слој.
8. Поставете плех или друга тежина врз обландата за да се притисне и оставете ја да се лади неколку часа на собна температура или во фрижидер.
9. Откако обландата целосно ќе се излади и стегне, исечете ја на коцки или правоаголници и послужете ја.
Овој десерт е идеален за уживање со кафе или чај, а може да се чува во фрижидер неколку дена. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












