Леблебија, наут, варен грав – тоа се сите имиња за истата зрнеста храна, мешунка богата со протеини.
Наликува на соја со светло-кафеава боја, а начините за нејзино приготвување се различни: може да се користи како вариво, мелена како брашно за правење леб, но, исто така, леблебијата може да се јаде пржена, како семки.
Тука, секако не можеме да запреме, наутот е одличен додаток на супите, и доколку се сомеле во блендер, со додавање на малку маслиново масло и зачини ќе добиете одличен намаз за леб.
Леблебијата влегла во историските записи во многу држави: првите записи за оваа билка се стари 13 века и сведочат за нејзината широка употреба на просторите од денешна Турција.
Од Анадолија е пренесена на Блискиот Исток и Северна Африка, а на Кавказ му припаднала необична чест да биде овековечена во името на едно уметничко дело.
Имено, ерменскиот композитор Тигран Чухаџјан во 1875 г ја напишал оперетата „Продавач на леблебија“. Корен пуштила и на Балканот, каде најмногу се одгледува во Македонија и Далмација.
Во поглед на биохемискиот состав, леблебијата не се разликува многу од останатите мешунки: содржи 23% белковини, 58% јаглехидрати и околу 5% билни масла. Кога станува збор за железото, леблебијата го победува месото дури и кога е готвена.
Богата е со калциум, магнезиум и бакар. Во 100 грама леблебија се содржат 361 калории.
РЕЦЕПТ:
1 кромид со средна големина (200 грама), сечкан и запржен во малку масло масло
1 лажица лук, мелен
1 лажица ѓумбир, мелен
малку лута пиперка пиперка (по избор)
Зачини: по 1 лажичка ким, коријандер, црвен пипер, чили во прав, куркума во прав, сол и црн мелен пипер по вкус
50-80 мл вода или по потреба
3 пасирани домати (350 грама)
2 чаши варен или конзервиран наут
И уште:
60 г густ јогурт или кисела павлака
200 мл вода
свеж коријандер, сецкан
2 лажици путер (30 грама)
1/2 лажичка пиперка или чили во прав
ПОСТАПКА:
Во вок тава или тенџере, испржете го сечканиот кромид во растително масло додека да омекне и застакли.
Додајте и измешајте ги мелениот лук, ѓумбирот, лутата пиперка (ако користите), кимот, коријандерот, пиперката, чили во прав и куркумата.
Додајте малку вода, пасираните домати, сол и црн пипер. Оставете да се крчка на тивок оган 5 минути.
Во блендер измешајте една чаша сварен или конзервиран наут, јогуртот и водата додека да се изедначи. Додајте ја смесата во сосот.
Промешајте да се изедначи, а потоа додајете ја втората чаша наут. Поклопете и варете на средна топлина 10 минути. Додајте го сечканиот свеж коријандер.
Во посебна тава, стопете путер на средна топлина. Додајте црвен пипер или чили во прав. Сè заедно измешајте и прелијте го врз јадењето од наут.
Добро измешајте, за да се соединат вкусовите и да се спојат. Послужете го кремастото кари од наут со ориз или со леб од наут (наутли леб). Видеото со постаоката погледнете го ОВДЕ.