Исцелителите од дамнешно време го знаеле она што науката денес го заговара, а тоа е дека витамините, минералите и хранливите состојки од храната кои секојдневно ги внесуваме во организмот, се клучот за здрав живот.
Само за момент да претпоставиме дека одбравме исправна храна и имаме најдобри намери да го нахраниме нашето семејство и пријателите.
Следната фаза е готвење на храната. Притоа, треба да се има на ум дека најголемата болница на светот се наоѓа во вашата сопствена кујна, бидејќи таму се вади екстрактот од суштината на прехрамбените артикли; Таму здравјето се стимулита или губи.
БЛАГОТВОРНИ МИРИСИ
Ако храната правилно се приготвува, што подразбира доволно време кое се одвојува за секоја фаза од приготвувањето, прво што се случува во кујната е – експлозија од мириси.
Кога кромидот се пржи во маслиново масло, на пример, испарливите масла и есенцијата се шират низ воздухот и никој не може да остане размнодушен.
Кога покрај тоа ќе ги додадете и зачините, како ѓумбир, кардамом, мирта, цимет и слични ароматични зачини, кој и да влезе во домот во тој миг, може да ги вдише овие прекрасни мириси и да се чувствува многу пријатно.
Мирисите се многу важни, а денес сè повеќе луѓе се заинтересирани за есенцијата на цветните супстанции (општо наречени зачини) и нивното влијание врз здравјето.
Секако, организмот реагира на различните начини на сите овие мириси. Како носот чувствува и реагира на одредени мириси кои се ослободуваат со готвењето?
Од центарот за мирис, информацијата се испраќа кон внатрешните органи и им дава порака дека се приготвува јадење и дека наскоро ќе биде готово.
Желудникот, жолчното ќесе, црниот дроб, дебелото црево, штитната жлезда и другите ендокрини жлезди, сите тие реагираат на својствен начин.
Есенцијалните масла кои се ослободуваат од топлината, можат сами по себе да ја подобрат функцијата на внарешните органи и на тој начин позитивно да влијаат врз здравјето.
Всушност, мирисите стимулираат да започне процесот на дигестија во нашиот организам.
ПРОЦЕС НА ДИГЕСТИЈА
Кога човек ќе влезе во кујната само неколку минути пред да започне со оброкот, тој е лишен од вдишувањето на мирисите кои се ослободуваат во текот на готвењето, и на тој начин ја губи една од најважните почетни фази на дигестијата.
Всушност, процесот на дигестија започнува во моментот кога започнала мислата за приготвување на некое јадење. Мирисните пареи не само што влијаат врз телесните функции, вклучително и на кожата, туку имаат и благопријатно дејство врз очите.
Најдобар пример за ова е кромидот од чии испарувања се создаваат солзи додека го сечете. Процесот на размислување и емотивниот живот кај човекот предизвикува создавање на многу штетни отрови во телото, особено што многумина го потиснуваат плачот и на тој начин се лишуваат себеси од ослободување и елиминација на тие токсини.
Готвењето во својата суштина е лекување. Денес е олеснето со различни направи како “сечко”, “раката на тато” и слично, но најдобро е храната сами да ја сечете. Притоа го ослободувате умот од напнатост и се смирувате, колку и да трае долго сечкањето, месењето, мешањето…
Уште подобро доколку храната ја приготвувате со среќно срце, со молитва, со смирение, со љубов… Па така, и желбата за добро здравје на консументите е многу важна состојка на храната која ја приготвувате.
Сигурно е дека можеме да направиме разлика помеѓу храната која ја јадеме во ресторан и онаа која се приготвува дома. Често работниците кои работат во големите кујни на рестораните, не водат сметка за храната што ја послужуваат.
Всушност, многумина од нив искажуваат лутење и презир поради самиот факт дека мораат да ја работат таа работа. Менталните вибрации на тие луѓе неизбежно го наоѓаат својот пат до храната.
Таквата храна не е добра, тешко се дигестира, а нејзината енергија штетно влијае врз нашиот организам, па нè прави вознемирени и неспокојни.
Само храната приготвена со многу љубов, започнувајќи од самиот избор на намирниците, нивното миење, сечкање и приготвување, па сè до сервирањето и послужувањето – е вистинскиот избор за добро здравје.