Братислав Јанковиќ открива зошто манастирскиот еликсир кој монасите го делат бесплатно, е баран од илјадници луѓе.

Иако информацијата за оваа билка од Хиландарскиот манастир се пренесува тивко, “од уво до уво”, речиси секогаш стигнува до оние на кои им е потребна. Илјадници луѓе заболени од најтешките болести веќе го пробале еликсирот од оваа билка која монасите во Хиландар на Света Гора, го приготвуваат и бесплатно го споделуваат.

Судејќи според писмата кои секојдневно пристигаат на Хиландар, во кои се искажува благодарност, овој лековит отров се покажал како моќно средство во борбата со неизлечливата болест.

Од ден на ден, бројот на заболени луѓе кои им се обраќаат на хиландарските монаси е сè поголем, а тие, знаејќи дека времето е еден од пресудните фактори кај тешките заболувања, ја прифаќаат секоја понудена помош која е потребна за да се произведе лекот.

Меѓу бројните верници кои одат на Света Гора за да помогнат при копањето на отровната билка е и Братислав Јанковиќ.

“Постојано одам на Хиландар и им помагам на монасите” – вели Јанковиќ и додава дека побарувачката за овој лек е неверојатно голема.

“Не можев ни да претпоставам колку многу луѓе се борат со ракот, се чини како епидемија. На Хиландарските монаси за помош не им се обраќаат само наши луѓе, туку и многу странци од цел свет кои слушнале за лековитоста на оваа билка. Многумина и сами заминуваат на Хиландар за да го најдат спасот и помошта”, додава Братислав.

Змиското грозје (Козлац, лат.Arum maculatum) е повеќегодишно зелјесто растение со прекрасен цвет и силно портокалово-црвен плод, со непријатен мирис.

Сите кои имале можност да го берат, сведочат дека билката мириса на изгниено месо, а пак за инсектите што го опрашуваат претставува вистински деликатес.

Има копјести листови со темнозелена боја, прошарано со кафеавкасти дамки.

“Препаратот се приготвува само од коренот на оваа билка. Коренот се мие од земјата, се ситни на парчиња со величина на зрната од пченка, се суши, а потоа се става во стаклена тегла. Потоа се прелива со мед, кој по извесно време се разводнува, бидејќи коренот испушта свои сокови” – објаснува Јанковиќ.

Тој објаснува и како препаратот се користи.

“Не е потребно да отстојува, а се користи така што се проголтува мало парче од коренот, без џвакање, бидејќи е неверојатно лут. И тоа, исклучиво наутро, на празен стомак, најмалку половина час пред јадење.

Важно е да се спомене дека не смее да се консумира за време на хемотерапија и зрачење.

Терапијата со змиско грозје се применува 15 дена секојдневно, без прекин, и може да се повтори дури после пауза од еден месец”.

На Хиландар може да се слушне дека рецептот за овој лек потекнува од бугарскиот манастир Зограф. Според легендата која се прераскажува, тамошниот свештеник, отец Нектарије, ги пренел своите знаења на хиладарските монаси.

“На Света Гора змиското грозје расте бидејќи климатските услови му се погодни. Монасите тврдат дека може да се користи за многу здравствени состојби, како што се болести на желудникот, ревматизам, невралгија, полипи, а кај канцерогените заболувања најдобри резултати се постигнуваат кај тумор на дојка, простата, бели дробови…

Поради способноста да ги уништува малигните клетки се препорачува овој препарат превентивно да го консумираат и здрави лица, барем двапати годишно”, ги пренесува Јанковиќ искуствата кои ги слушнал.

Змиското грозје никнува кон крајот на зимата, штом почне снегот да се топи, не сака сонце и расте во сенката на дрвјата.

“Змиското грозје расте во близина на дивиот лук. Легендата вели дека неговиот корен го вареле и јаделе нашите Солунци, бидејќи кога е термички обработен или сув, го губи отровот. Сепак, треба да се биде многу внимателен при користењето на коренот, односно да се користи само со консултација на стручно лице, бидејќи во свежа состојба е исклучително отровен.”