Нашиот најпознат метеоролог Славчо Поповски ги предупреди граѓаните денес да не излегуваат беспотребно, бидејќи се приближува невреме кон Македонија. „Денес во попладневните и вечерните часови во јужните, додека во текот на ноќта и утре и на повеќе места ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, вели метеорологот.




Можно е да падне и град и да има грмотевици, наведува Поповски. „Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени“, вели тој.




„Нестабилно ќе биде и во Скопскиот регион со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на НЕВРЕМЕ. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени, додека од недела истата ќе биде во мал пораст и ќе се искачи до околу 34 степени.




Потоа од недела до вторник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со температури кој ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36, 37 степени“, објасни метерологот Славчо Поповски.




„ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОПЛАДНЕВО, ВЕЧЕРВА И УТРЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните, во случај на појава на силен ветер своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата.




Нова локална нестабилност се очекува од вторник попладне – повеќе информации околу ова понатаму“, вели Поповски. За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски ОВДЕ.