Морковот содржи бета-каротeн, кој му дава карактеристична портокалова боја на плодот. Исто така, содржи многу витамини, како што се А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Е и витамин К, и минерали – калиум, магнезиум, железо, калциум, фосфор. Тој е извор на јаглехидрати и влакна. Морковот содржи 40 калории на 100 г, затоа е ефикасен за луѓето кои сакаат да стигнат до витката линија.
Освен што е многу вкусна намирница, морковот има и многу лековити својства за телото, па затоа треба да се вклучи во секојдневната исхрана. Кон-сумирањето на еден морков после секој оброк ги уни-штува штет-ните бактерии во устата. Ги чисти забите и ги ели-минира и спречува кр-вавење на непцата и кариесот.
Комплексот од витамин Б, присутен во морковите, ја регулира циркулацијата на кр-вта, обезбедувајќи нормална работа на срцето и белите дробови. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и помага да се намали високиот кр-вен притисок.
Кон-сумирањето свеж морков го зголемува производството на плунка и го забрзува варењето, обезбедувајќи ги потребните ензими, минерали и витамини. Спречува формирање на чир на желудникот и други дигестивни нару-шувања. Свежо исцедениот сок од морков е идеален за грчеви, апендицитис, диспепсија и други дигестивни проблеми.
Супата од морков е ефикасна во лекувањето на дијареа. Морковот го снабдува телото со течности и минерали (натриум, калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур), што спречува дехидрација предизвикана од дијареа. Од друга страна, супата од морков спречува формирање на штет-ни бактерии во цревата кои предизвикуваат повраќање.
ПРИРОДЕН ЛЕК: Ги отстранува ток-сините од цревата и ја регенерира кожата. Овој народен рецепт е познат уште од древни времиња. Посебен ефект има врз бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови.
Кога телото е во добра состојба, тоа се рефлектира во состојбата на кожата и обратно. Самите моркови имаат многу позитивни ефекти врз телото благодарение на влакната кои ги содржи. Витаминот А и бета каротенот во кој во изобилие ги има морковот, а кога ќе го измешате со уште неколку состојки ќе добиете вистински балсам за стомачните проблеми.
Овој лек им бил познат и на нашите баби кои го користеле за проблеми со цревата и за враќање на свежината на кожата. Посебен ефект има врз бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови. Овој лек исто така успешно ќе го реши проблемот со запек, а се подготвува вака:
Потребни состојки: 3 поголеми моркови, 1 лажичка мед, прстофат мелен црн пипер, половина лажичка масло. Подготовка: Изрендајте ги морковите во сад и додајте ги другите состојки. Мешајте додека да се соедини и лекот е подготвен за употреба.
Се препорачува мешавината да се јаде наместо појадок, а потребно е да се кон-сумира половина час по будење. По 10 дена редовна употреба, ќе забележите подобрување и чувство на леснотија во стомакот.
НАПОМЕНА: Иако морковот има многу лековити својства, нивната прекумерна употреба може да доведе до состојба наречена каротенодермија. При оваа состојба, дланките, стапалата и другите делови на телото стануваат портокалови или жолти поради високите нивоа на бета-каротен во кр-вта. Ако го забележите овој феномен, намалете ја кон-сумацијата на моркови и друга храна која содржи бета-каротен, за оваа состојба, која инаку не е штет-на, да исчезне.