Во различни временски периоди, домашните сардели бараат различна нега.
Од почетокот на пролетта па до крајот на летото, при полевање на ова цвеќе, во водата треба да се додава малку прихрана која ќе се базира на фосфор кој благотворно делува на цветањето.
Обратете внимание дека во прихраната треба да има минимален процент на азот, бидејќи сарделите може да престанат да цветаат.
Во текот на летото сарделите сакаат свеж воздух, па изнесете ги на балконот, или во градината.
На почеток, со промена на местото, кај сарделата може да се појави опаѓање на листовите, а цветот малку ќе боледува. Но потоа ќе бидете пријатно изненадени.
Одлична прихрана за сардели е раствор од вода и јод:
Потребни состојки:
1 капка јод
1 литар вода
Постапка:
Од овој раствор, земете 50 мл и полејте по внатрешните ѕидови од саксијата.
Не претерувајте, бидејќи може да го изгорите коренот. После ваквото полевање, сарделата ќе цвета постојано без прекини.