Овие малечки пиленца од волница се толку многу симпатични што мора да ги направите и со оваа декорација да ја пречекате пролетта. Не ви се потребни никакви специјални алатки или некоја посебна вештина. Потребни ви се само вашите раце и еден пар ножици.
Многу е забавно додека се изработуваат, а толку симпатично изгледаат кога ќе ги завршите. Нема да ви одземе многу време, а кога ќе ги направите ќе бидете толку многу воодушевени, што ќе посакате на истиот начин да си направите и овчивчки или пак, пингвини.
Сите тие се многу лесни и многу е тешко да се одлучите и да одберете едно кое е најслатко. Па, еве како да ги направите пилињата, а останите слатки животинки, ќе можете да ги направите според истиот принцип.
КАКО СЕ ПРАВАТ ПИЛИЊА – Најпрво снабдете се со потребниот материјал: жолта волница со средно тенок конец, жолто и портокалово крпче од памучен материјал или каков и да имате, а може да користите и хартија во боја, долг портокалов чистач за нозе или нешто слично од кое ќе се изработат нозете, две очиња, ножици и лепак.
Значи, како што беше кажано, ќе ви биде потребна жолта волница со средна дебелина на конецот, па истата ќе треба да за намотате околу прстите, како што е прикажано на фотографијата.
Замотувајте го конецот околу трите прсти приближно 60 пати ако конецот е дебел, а доколку користите предиво со средно дебел конец, тогаш завиткајте го приближно 110 или 120 пати.
Откако ќе завршите за замотувањето на волницата околу прстите, извадете го лабаво и внимателно, па врзете го само еднаш на средината. Треба да биде добро фиксирано за да не се распадне. Со остри ножици исечете ги петелките и полека и внимателно формирајте топка.
Повторете целиот процес уште еднаш, но овојпат волницата завиткувајте ја околу два прста, приближно 50 пати за подебел конец и околу 100 пати за конец со средна дебелина. Кога ќе завршите, ќе добиете две жолти, пуфласти меки топчиња од жолта волница.
Доколку сè уште ви изгледаат “неуредно”, тогаш искастрете сè што “штрчи” и обликувајте совршени топки. На овој дел веројатно ќе потрошите и најмногу време, затоа што колку посовршени ќе ги направите топките, толку пиленцето ќе изгледа поубаво и послатко.
Од хартија или платно исечете ги крилцата и клунот. Клунот се сече во облик на дијамант (баклава/ромб). На средината ставете малку лепак, па преклопете го клунчето и залепете го. Осигурајте се дека клунот е добро направен пред да го залепите на главата (помалото топче), затоа што може да се случи да ви се отвори по некое време.
Ако имате готови очиња кои се набавуваат од Амазон или од продавница за копчиња, со помош на лепак залепете ги внимавајќи на растојанието. Доколку немате готови очиња, тогаш направете ги сами, нацртајте ги на хартија и исечете ги.
Потоа следни се крилата.
На врвот од секое крило ставете малку лепак, па закачете ги на горниот дел од поголемото топче. Потоа спојте ги со лепакот главата и телото како што е прикажано на фотографијата. Нежно притиснете го помалото топче врз поголемото и држете го така додека да се исуши.
За да ги направите стапалата, преклопете 30 см долг чистач за цевки или нешто слично, на половина. Потоа преклопете едниот крај во цик-цак форма со еднакви цик-цак-зак, како на фотографијата. Па прицврстете ја секоја точка на цик-цак цврсто заедно и обликувајте ги стапалата на пилето.
Повторете ја постапката за да добиете две ножиња со по три прсти. Ставете лепак помеѓу двете нозе и залепете ги за телото на пилето. Држете некое време додека да се зацврсти лепакот. И, вашето пиле е готово.
На ист начин можете да направите овчички или пингвини. Потребни ви помалку од 15 минути за да завршите едно од нив, а децата ќе ги обожуваат. Тие би изгледало прекрасно на една велигденска трпеза на пример. Како се изработува пилето можете да погледнете и во видеото ОВДЕ.