Home Останато Корисно Направете си сами декоративен кокошарник во кој ќе ги чувате вашите домашни...

Направете си сами декоративен кокошарник во кој ќе ги чувате вашите домашни миленици

Доколку имате двор и имате желба да чувате две или повоќе кокошки, можете да си купите готов кокошарник, но истиот можете да си го направите и сами. Денес на Интернет може да се најдат најразлични идеи за дизајни на кокошарници од кои некои навистина се репрезентативни и наликуваат на вистински куќички за живеење.

Некои пак го сакаат футуристичкиот изглед, па кокошарниците ги изработуваат во вид на вселенски бродови. Други се практични и прават еден вид мрежасти тунели околу нивната градина со што “тепаат две муви одеднаш” – и кокошките сити и градината заштитена.

Како и да е, пред да започнете со изградбата треба да се одлучите за дизајнот и да ја одберете парцелата на која планирате да ги сместите своите кокошки. Потребно е теренот да биде сув и да биде рамен. Потоа можете да направите дупка во тоа подрачје и да го наполните со бетон за да направите цврст и сув темел.

Не заборавајте дека кокошарникот треба да ги заштити кокошките од ниски температури, висока влажност, ветер но и од предатори.

За да им биде удобно, на живината е потребно да им се обезбеди добро греење, вентилација, квалитетно осветлување, па затоа при изградбата треба да ги имате на ум следниве работи:

-живината се чувствува добро кога местото каде живее е суво;

-треба да се води сметка да има доволно простор за секоја кокошка или пиле се чувствуваат комфорно;

-не ставајте гнезда на места каде ќе се гради преграда, а цевка за вода би требало да се инсталира поблиску до местото каде живината ќе доаѓа да пие;

-треба да има добри прозори, вентилација и осветлување (но преголемо, за да не предизвика канибализам).

ФАЗИ НА ИЗГРАДБА:

-направете скица и список на потребен материјал
-одредете ја величината според бројот на пилињата
-направете темел
-изградба на ѕидови и прегради
-изградба на плафон и кров
-подови и изолација

Во продолжение, погледнете неколку идеи за дизајни на кокошарници:

https://youtu.be/VsshdVzsLgs