Виното од капини се препорачува за:
-анемија
исцрпеност
-неухранетост
-за регулирање на столицата
-за регулирање на крвниот притисок
-за циркулација…
Приготвувањето на ова лековито вино од капини е крајно едноставно:
Одредена количина капини кои сте ги набрале од гората (доколку сте во можност, може и домашно одгледувани капини) малку изгмечете ги да пуштат сок, па додадете 20% од смесата – шеќер, па оставете да отстои околу 3 седмици.
Смесата ќе започне да врие, па на површината ќе се создаде кора кога се пробива со црево, а виното се точи во посебен сад. Потоа виното се преточува повеќе пати, колку повеќе-толку подобро, за да биде почисто. Важно е садовите да бидат чисти, без мирис и да не се полнат до врв за да не дојде до излевање при вриењето.
Сортите за производство на вино, сепак, како најдобри се покажале thornfree и cacanska rodna, бидејќи се крупни, слатки и полни со течност.
Виното од капини се пие наутро на празен стомак или навечер пред одење на спиење. Се препорачува да се пие по 100 мл вино од капини дневно, за подобрување на крвната слика, во период од еден месец.