Направете ги најмеките лепињи полнети со кашкавал – ХАЧАПУРИ: Сигурно ќе ви се допаднат! Овој грузиски рецепт е вистинскиот избор кога сакате да јадете нешто вкусно, а едноставно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 мл топла вода
100 мл топло млеко
1/2 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 јајце
4 г сув квасец
300 г брашно
4 лажици масло
450 г кашкавал/тврдо сирење

За премачкување:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко

ПОСТАПКА: Во сад измешајте ги млекото, водата, солта, шеќерот, квасецот и јајцето, па добро изматете. Течните состојки треба да бидат млаки, а јајцето на собна температура.

Додајте просеано брашно и замесете тесто. Кога ќе стане тестото компактно, но сепак малку лепливо, прелијте го со масло и месете додека се впие.

Покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да ферментира и да го удвои волуменот, приближно еден час. Тестото ставете го на набрашнета површина и посипете го со брашно, па кратко замесете го.

Поделете го на 2 еднакви дела и обликувајте топчиња. Секое развлечете го со прстите во кружна кора и обилно посипете со рендан кашкавал.

Како фил можете да користите и мешано ситно сирење и кашкавал, па дури и пире од компир или морков помешани со кашкавал по избор. Подигнете го тестото нагоре опфаќајќи ги краевите со прстите и постепено лепезесто набирајте го и спојте го.

Потоа повторно обликувајте топка и со помош на оклагија полека развлечете ја во кора со дебелина на тепсијата во која ќе се пече, обложена со хартија за печење.

Одозгора премачкајте со жолчка од јајце што сте ја изматиле со млеко и обилно посипете рендан кашкавал.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути. На ист начин направете ја и втората лепиња. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.