Првиот рецепт содржи малку конзерванс, но бидејќи знаеме дека многумина го одбегнуваат, на крајот од рецептот дадено е алтернативно решение без конзерванс кое го понуди читател.

-Бидејќи во дворот имам смоква, а слабо ја јадеме свежа, ова беше идеална можност да направам слатко и џем од смокви.

Потребни состојки.

5 кг смокви
1 кг шеќер (најдобро е да ставите по вкус, јас ставив малку повеќе и по вкус ми беше ОК)
½ конзерванс

Постапка:

Смоквите измијте ги и отстранете им ги петелките. Смелете ги на машина за мелење месо, а можете и во блендер.

Мелените смокви ставете ги во плитко но големо тенџере, па на тивок оган да се зготви џемот. Температурата мора да биде ниска до умерена (јас готвев на најтивко на шпорет).

Гответе 2 часа, па потоа додадете шеќер. Во првите два часа можете повремено да промешувате, но кога ќе го додадете шеќерот мора почесто да се промешува, бидејќи ќе згусне, па треба да се внимава да не загори. Конзервансот тогаш го додавам.

Теглите ставете ги во рерна да се стерилизираат, па извадете ги и наполнете ги со џемот и затворете ги. Џемот чувајте го на темно и суво место.

Коментар на Горан Вељковиќ:

“Јас редовно готвам џем од смокви секоја година, бидејќи имам своја смоква. Секогаш ставам еден лимон исечен на коцкички и на количина од околу 3 кг ставам приближно 200 г шеќер и мене тоа ми е доволно.

Инаку самата смоква е слатка и нема потреба од додавање на многу шеќер, зошто секако ќе биде слатко.

Ги затворам теглите по систем на вакуум. Кога ќе ги наполнам додека џемот е топол, ставам малку ракија, ја палам и веднаш затворам со капак. Вака се повлекува воздухот внатре и се создава вакуум. На овој начин џемот може да стои без да се расипе и до две години. Не ставам конзерванс.”

На следниот рецепт, кој исто така не содржи конзерванс, можете да погледнете и видео од постапката:

Џем од смокви (без конзерванси) – домашен рецепт