Наглите промени во температурите на кои веќе навикнавме, сепак, оставаат траги врз здравјето, особено врз луѓето на кои поради забрзаниот ритам на живеење и стрес, имунитетот им е многу слаб.

 

Оваа супа ги фрла зимските болести на колена, а вие многу брзо и на природен начин ќе го направите телото отпорно на вируси и бактерии.

 

Супата од лук, ѓумбир, црн пипер, црвен кромид и уште неколку чудесни состојки – на организмот му дава енергија и го јакне организмот, го подига имунитетот, ја исхранува секоја клетка од нашето тело и го прави отпорно на вируси и бактерии во воздухот.

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

 

3 литри вода

2-3 чешниња лук

1-2 лажици ѓумбир (свеж, ситно исечкан или рендан)

1 лажица црн пипер

2 моркови (исечени на половина)

1 шолјичка лист од целер

¼ црвен кромид

1 голема гранка рузмарин

1 лажица нане

1 лажица жалфија

Сок од половина лимон

 

ПОСТАПКА:

 

Сите состојки освен лимоновиот сок, ставете ги во голем лонец со цврст капак. Оставете да се готви додека да проврие па потоа намалете ја температурата. Оставете да се крчка поклопено околу еден час.

 

Процедете ја течноста во друг лонец. Згмечете го зеленчукот и притиснете низ цедалка. На тој начин ќе добиете база која е превенција за настинки, вируси и грип, ги ублажува и ги лекува. Со оваа база можете да ги правите сите ваши други омилени зеленчукови супи.

 

Внимавајте при готвењето на супите со оваа база потребно е садот да биде добро поклопен за да не испарат лековитите состојки. Откако супата ќе ја зготвите, послужете, а во чинијата додадете и сок од половина лимон.