Природната медицина содржи и широк спектар на производи кои успешно лекуваат инфекции на сосем природен начин, без последици. Ова е најмоќниот лек во светот кој ги уни-штува речиси сите бактерии, но и вирусите и повеќето габички, вклучувајќи ја и кандидата.
Помага во чистење на кр-вта, а лимфните јазли и лимфните канали стануваат целосно чисти. Овој лек содржи 7 природно силни антибактериски и антивирусни супстанции.
Овој рецепт е дизајниран да ги опорави луѓето погодени од некоја потешка болест или по прележување на новиот вирус.
Потребни состојки: 700 мл домашен јаболков оцет, 1/4 чаша ситно исечкан лук, 1/4 шолја ситно исечкан кромид, 2 ситно сечкани лути пиперки, 1/4 шолја исечен свеж ѓумбир, 2 лажици стебленца рен, 2 лажици куркума во прав.
Подготовка: Ставете ги сите состојки во тегла, па прелијте со јаболков оцет до врвот. Добро затворете ја теглата и протресете ја. Оставете ја да отстои 2 седмици, со повремено протресување. После 2 седмици, течноста се процедува низ газа.
Складирајте ја течноста во шише, а остатокот можете да го исушите и да го користите како зачин за јадење. СОВЕТ: За време на болест, кон-сумирајте по една лажичка 6 пати дневно. Со овој сируп треба да пиете многу течности. Бидејќи сите состојки се природни, не можете да станете имуни на овој сируп.
II РEЦЕПТ: Нема посилен природен антибиотик од него: го подобрува памтењето, ги топи мастите, подмладува
Потребни состојки: 125 г рен, 4 лимони, 3 лажици мед, 2 лажици цимет, мало парче свеж ѓумбир околу 2 цм.
Постапка: Во блендер испасирајте го ренот и ѓумбирот. Лимонот исцедете го, сокот додајте го во блендерот и добро измешајте. На крај додајте цимет и мед. Добро изедначената смеса складирајте ја во стаклена тегла.
Употреба: Дvапати дневно по една лажица пред оброк, а ако вежбате пред тренинг. Практикувајте го ова три седмици и кога ќе ги видите феноменалните резултати нема да се покаете.
III РЕЦЕПТ: Само ренот може да излекува упорна и сува кашлица, но и воспаление на бели дробови – запишете го овој лек
Овој народен лек мора да си го запишете и направете го овој природен лек додека ренот сè уште го има на пазарите. Обратете внимание на овој исклучително здрав народен лек од рен. Поради своите антибиотски својства, ренот со години се користи во традиционалната медицина за лекување на бронхитис, синуситис, кашлица и настинка.
Потребни состојки: 1 супена лажица рендан рен, 3 лажици мед. Постапка: Една супена лажица свежо изрендан рен се меша со 3 лажици мед. Ова е соодносот, а вие пригответе количина според потребите.
Се зема по една мала лажичка 5 пати дневно, на еднакви растојанија. Ефектот на смесата може да го засилите доколку додадете и мала лажичка сечкан лук.
Коментар на Мина: „Го користам овој природен антибиотик со години. И оттогаш не сме користеле никакви лекови дома. Помага кај секоја болест, дури и за третман на рак, но во тој случај се пие во поголеми количини.
Треба да се внимава на количината бидејќи содржи јаболков оцет. Најиделна количина е 1 лажичка, 20 минути пред оброк.” / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска