Наполеон торта – толку едноставна и неодолива, ќе ја изедете веднаш од што е лесна. Многу вкусна и позната торта која ја вклучувам помеѓу најбрзите за подготовка. Многу е лесна за јадење, а веднаш штом ја пробате ќе сакате уште едно парче.
Потребни ви се само неколку состојки кои веројатно постојано ги имате дома. Воопшто не е премногу блага, ниту тешка така што можете да јадете колку сакате.
Потребни состојки: 500 г лиснато готово тесто. За фил: 1 л млеко, 200 г шеќер, 60 г брашно, 4 јајца, 1 ќесичка ванилин шеќер, 200 г путер, 60 г нишесте (густин).
И уште: 250 мл неутрална хопла со 33-36% масленост, 1 лажица шеќер во прав.
Постапка: Во едно тенџере скршете ги јајцата. Додајте го брашното, шеќерот, густинот, ванилиниот шеќер и измешајте. На крај додајте го млекото и ставете на рингла да зоврие.
Кога ќе згусне смесата како пудинг тргнете од рингла и додајте го путерот. Кога ќе се растопи покријте со проѕирна фолија. Земете го лиснатото тесто (јас користам 2 кори) и малку развлечете ги со оклагија и премачкајте ги со путер.
Земете еден сад со флексибилен обрач на двете теста кои се ставени едно до друго направете форми од калапот за да знаете со каква големина да ги сечете корите. На пример го ставате хоризонтално обрачот од почетокот на едната кора.
Онаму каде што завршува повторно ставате и да не стига до крај, обележете си на другата кора.
Истото се прави на двапати од горе и доле (подетално може да погледнете на видеото подолу). Потоа сечете тенки ленти од тестото кое ви е обележано со каква големина треба да биде.
Лентите ги ставате на плех со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Во меѓувреме изматете ја хоплата заедно со шеќерот во прав во фин шлаг.
Потоа изладениот крем-пудинг кој првично го направивте, почнете постепено да го додавате во шлагот од хоплата и матете со миксер до соединување. Потоа во калапот со флексибилен обрач премачкајте одозгола со овој крем.
Пред премачкување одоздола може да ставите пластична фолија. Потоа наредете еден ред од стапчињата кои ги печевте. Повторно премачкајте со еден слој крем. Наросете неколку суви кајсии и боровинки врз кремот.
Потоа повторете ја постапката на премачкување и суво овошје уште еднаш и на крајот завршете со уште еден ред од тестото и кремот. Може да си зачувате неколку стапчиња за декорирање на тортата на крајот.
Важно е сувите кајсии и боровинки да ги потопите во вода да отстојат 15 минути. Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне преку ноќ, а утредента послужете. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.