НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Ги средува хормоните и подуеноста, ги празни цревата и го забрзува трошењето на калории…За да го подготвите овој напиток ќе ви биде потребен лимон, јаболко, краставица и ѓумбир.

Лимонот го поттикнува метаболичкиот процес, кој помага во согорувањето на маснотиите акумулирани во телото и последователно постигнува губење на тежината, под услов да се јаде „лесна“ и здрава нискокалорична диета искомбинирана со вежбање.

Други придобивки од лимонот:

– Одржување на хормоналната рамнотежа во телото.
– Превенција на срцеви заболувања.

-Јакнење на способноста на желудникот да ги вари мастите после консумирање масни оброци без да предизвика запек, надуеност и гасови.

Зеленото јаболко има голема количина на диетални влакна кои се корисни за слабеење.

Краставицата има многу потенцијални здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на килограмите, намалување на крвниот притисок, помагање на здравјето на коските..

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лимон
1 зелено јаболко
1/2 краставица
1 лажичка ѓумбир во прав (или свеж корен со големина од 5-6 см)
1 литар вода

ПОСТАПКА:

Сите состојки измијте ги и исечете ги без да ги лупите. Прелијте ги со зовриена вода и оставете поклопено да излади.

Процедете и складирајте во стаклено шише. Пијте по една чаша наутро и 2 часа пред вечера, на гладен стомак. Поголем ефект има ако се напитокот се пие загреан, топол, но не врел.

Втор начин е да ги варите сите состојки 5 минути, па потоа да ја процедите течноста, или пак, сите состојки да ги оставите 24 часа во водата за постепено да се екстрахираат активните материи во водата.

Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ: