Иако им се препорачува на сите пушачи, овој напиток е добар за сите кои имаат проблем со воспалено грло и кашлица.
Ѓумбирот како главен чувар на здравјето, си најдо одличен сојузник – црниот пипер во зрно (биберот).
Оваа комбинација е природен лек за сите кои имаат вишок слуз во белите дробови и општо во дишните патишта. Оваа густа слузава материја понекогаш може да предизвикува навистина непријатна и иритантна кашлица.
Витамините и силниот вкус на овој напиток ќе овозможат за само неколку денови да се ослободите од слузта и да дишете мирно и лесно.
Потребни состојки:
600 мл вода
2-3 лажици рендан или сечкан ѓумбир
1 лажичка црн пипер во зрно
Постапка:
Состојките ставете ги во зовриена вода, поклопете и оставете на умерено да се вари 10-тина минути. Потоа тргнете од оган и оставете малку да подизлади.
Процедете и засладете со малку мед по вкус. За побрзо дејство пијте по 3-4 шолји од напитокот дневно.