Како се приготвува лекот за брчки:
1 лажица ленено семе прелијте со половина чаша врела провриена вода, промешајте, а потоа покријте со салветка и оставете да отстои до вечерта.
Навечер процедете.
На чисто лице и врат нанесете од маската со помош на памук натопен во густиот раствор од ленено семе и вода.
Кога лицето ќе се исуши, повторно намачкајте. Постапката повторете ја вкупно 5 пати.
Обидете се за време на постапката, кога ќе ја нанесете маската да не зборувате и да не се смеете. Потребно е ова да го правите во тишина и да бидете релаксирани. Замолете ги домашните во тој период од денот да не ви пречат и да ви помогнат доколку е тоа можно.
Кога ќе завршите со постапката, измијте го лицето со млака вода а потоа нанесете хидрантен крем.
После 12-15 третмани нема да можете да се препознаете – толку добро ќе изгледате!