Може да се јаде со леб и зеленчук, особено со домати или да се користи како додаток на интегрални пасти.

Потребни состојки:

300 г семки од тиква (непечени)

7 чешниња лукче

10 г сув босилек +-

½ шолја маслиново масло по желба

Постапка:

Сите состојки се мешаат во блендер со поголема моќност, се’ додека да се добие еднолична смеса, односно намаз.

Може да стои во фрижидер 10 денови и повеќе.