Највкусното мезе од домати досега! Магична салата – лесна и брза! Сите ги обожаваме доматите во салата поради нивниот уникатен освежителен вкус.
Но, ако ги зачинете на овој начин како што е опишано во рецептот, ќе го добиете највкусното мезе од домати што сте го пробале досега. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800-900 грама домати
За дресинг:
50 мл маслиново масло
25 мл оцет 9%, 30 мл вода
1 лажичка сол
3 лажички шеќер
1 голема пиперка, рендана
1/2 чили пиперка, ситно сечкана
6 чешниња лук, изрендани
по половина китка свеж копар и магдонос, ситно сечкани
Оставете ја салатата во фрижидер 2-3 часа.
Добар апетит!
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги соте наведени состојки за дресинг додека да се изедначат и растворат. Во друг сад измешајте ги ренданата пиперка, ситно сечканото пиперче и лукчињата истиснати низ преса.
Добро промешајте за сето да се изедначи. Во друг сад ситно исечкајте магоднос и копар. Во транспарентен сад за салата наредете еден слој домати исечени на парчиња, па распоредете неколку лажици од смесата со пиперка и лук.
Одозгора наросете свеж магдонос и копар. Постапката повторете ја додека да ги потрошите сите состојки, а одозгора залијте го дресингот.
Поклопете и оставете ја салата да отстои 2-3 часа во фрижидер. Послужете и уживајте во добриот вкус. Видеопрезентацијата можетѕе да ја погледнете ОВДЕ.