Ова е еден од најдобрите манџи со грав кои досега ги имам направено. Манџата излегува густа и на вкус гравот е феноменален. Со неколку мали трикови згответе го гравот за кој целото тенџере ќе се изеде. Рецептот на Горка е еден од најдобрите и наједноставните рецепти.
Сувиот грав може да се готви навистина долго, понекогаш и до два часа и повеќе, во зависност од тоа колку е стар и дали добро сте го накиснале претходно. Гответе го додека да омекне целосно, бидејќи никој не сака да јаде тврд и лушпест грав.
Младиот грав се готви кратко, нешто повеќе од половина час, кој претходно сте го замрзнале. Во текот на готвењето двата видови грав редовно проверувајте ги бидејќи единствено на тој начин ќе бидете сигурни дека нема да го преварите или да ви остане „жив“.
Старото правило гласи: гравот треба да кисне во вода минимум 8 часа. Најдобро би било да го оставите да мирува преку ноќта, а некогаш луѓето го оставале и цел ден. На една рака сув грав се додава 10 мали шолји ладна вода.
Ако брзате и немате време за долго натопување, ќе ви помогне брзата верзија на оваа постапка: на една рака сув грав додајте 10 шолји врела вода, па заедно ставете ги на оган да врие околу 3 минути. Потоа гравот тргнете го од огнот, покријте го со капак и оставете го така да стои миминум еден час.
Токму зеленчукот на варивото му ја дава потребната слаткост и богатство на вкус. Затоа не штедете на кромид, лук, морков, домат, корен од магдонос и целер. Еве што ви е потребно за да го подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 гр бел грав, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 зелена пиперка, 1 црвена пиперка, 1 жолта пиперка, 1 домат (200 г мелени домати), сол и црн пипер, 1 лажица слатка зачинска пиперка, малку масло. ПОСТАПКА: Сѐ започнува еден ден однапред. Одвечер ставете го гравот во еден сад и прелијте го со вода, додека да се прелијат сите семки.
Оставете го гравот да кисне 12 часа во водата додека да пораснат сите гравчиња. Следниот ден, гравот прелијте го во тенџере во водата која киснел. Горка во своето видео објаснува дека не ја менува водата. Иако содржи супстанци кои го подувуваат стомакот, при загревање на водата и готвење, тие се уништуваат.
Солта се додава накрај, бидејќи го успорува процесот на готвењето. Покријте со капак и гответе го гравот од 1 и пол до 2 часа, во зависност од видот на гравот. Кога гравчињата ќе омекнат, тогаш е сварен. По потреба, во тенџерето додајте уште малку вода. Во друго тавче или поголемо тенџере се подготвува запршката од зеленчукот. Исечкајте ги трите пиперки, како и доматот, кромидот и чешнињата лук. Доматот зачувајте го за подоцна.
Зеленчуците може да ги сечете по желба на помали или поголеми парчиња. Во рецептот пиперките се сечкаат ситно, како и лукот и доматот, а кромидот на средни парчиња. Во тавчето/тенџерето ставете малку масло и почекајте да се загрее на средна температура. Додајте го зеленчукот, додајте сол и мелен црн пипер.
Измешајте ги состојките и гответе околу 15-тина минути, додека зеленчукот да омекне. По желба, може да користите и друг вид на зеленчуци како морков, праз, компир… Кога зеленчукот ќе омекне, на половина од готвењето додајте ја црвената зачинска пиперка и измешајте. Откога ќе ја додадете црвената зачинска пиперка, веднаш потоа додајте го ситно сечканиот домат, за да не ви загори.
Намалете ја температурата на ринглата. По желба може да користите и доматна паста. Гответе уште 10-тина минути, со постојано мешање на ниска температура, па потоа тргнете од рингла. По изминатото време, во запржениот зеленчук се прелива гравот и водата. Додајте ја водата и гответе уште 10-тина минути, со повремено мешање.
За ова време, ќе се измешаат сите вкусови и крајниот резултат ќе биде совршен. Дегустирајте го гравот и по потреба додајте уште малку сол или други зачини. Гравот послужете го додека е топол. Ова е количина за двајца, значи 150 г грав е наменето за двајца, така да доколку готвите за повеќе луѓе, зголемете ја количината. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.