Пржени лепчиња досега сте јаделе многупати, но дали сте пробале полнети пржени лепчиња? Направете ги за појадок или вечера – ќе бидете воодушевени!

Потребни состојки:

12 парчиња стар леб

6 листови кашкавал

6 листови шунка

3 црвени пиперки

4 јајца

50 мл млеко

½ лажичка сол

Постапка:

Лебот исечете го на тенки парчиња. Одвојте по две парчиња лепчиња, помеѓу ставете лист шунка и кашкавал. По вкус можете да ставите и сечкана печена или свежа црвена пиперка или домат.

Изматете ги јајцата и додадете млеко. Посолете. Маслото добро загрејте го. Во приготвената смеса натопете ја прво едната па другата страна од лебот, па пржете во врелото масло. Испржените лепчиња (од двете страни) послужете ги топли.