Ова инаку, е еден од моите омилени колачи. За една пригода морав да правам посни колачи, а сакав меѓу нив да го има и „Тројно 3адоволство“ кој инаку не е посен колач, па морав да го приспособам и да го изменам, за да биде посен, без јајца и млеко, па на тој начин го добив овој – најубавиот посен…
Можам само да кажам дека оваа везија излезе исто така, одлична и верувајте дека помеѓу овој и оној вистинскиот „Тројно 3адоволство“ нема никаква разлика, па дури можеби овој е повкусен – Ранкос.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 6 лажици шеќер, 50 мл масло, 100 мл газирана вода, 4 лажици истостирани (пржени), мелени лешници, 150 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво. Ако сакате кората да биде потемна, во тестото можете да додадете и една лажица какао.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 600 мл оризово или соино млеко (некое растително), 10 лажици шеќер, 2 пудинг од ванила, малку арома од ванила, 200 г маргарин, 100 г посно чоколадо.
И УШТЕ: Околу 200 г посни кекси, малку вода или сок за натопување на кексите, малку арома на рум. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г посно чоколадо, 3 лажици вода, 3 лажици шеќер, 50 г маргарин
ПОСТАПКА: Во еден сад за матење просејте го брашното со прашокот за печиво, додајте ги мелените лешници, шеќерот, маслото и газираната вода. Убаво промешајте ги состојките со лажица додека да се изедначи смесата. За темно тесто додајте плус една лажица какао.
Подгответе плех со димензии 28х33 см и обложете го со хартија за печење, па излејте ја смесата во него и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени додека малку да зарумени (проверете со чепкалка).
Посното млеко ако е во прав, растворете го според упатството, па 500 мл соино млеко ставете го на оган да проврие заедно со шеќерот, а во остатокот изматете го пудингот, да нема грутчиња. Потоа, зовриеното млеко тргнете го на страна, додајте го пудингот и вратете го повторно на оган. варете уште 5 минути додека смесата да згусне.
Добиениот пудинг поделете го на два дела. Во едниот додајте искршено чоколадо и мешајте додека тоа да се растопи и инкорпорира во кремот. Во вториот дел додајте малку ванила и промешајте. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се олади (или повремено промешувајте за да не фати коричка).
Маргаринот омекнат на собна температура пенасто изматете го, па во секоја половина додајте по малку од маргаринот и изматете за да се соедини. Печеното и изладеното тесто премачкјате го жолтиот фил и фино распоредете.
Врз жолтиот фил наредете посни кекси, претходно кратко натопувани во вода со рум или во некој сок. Врз кексите нанесете го чоколадниот крем, а врз него прелијте ја чоколадната глазура (за глазура, сите состојки растопете ги на тивок оган со постојано мешање). / Ранкос / Сооlinarika.com