Ако за некое растение можеме да кажеме дека освојува со својот раскош, сигурно едно од тие е божурот. Цвета и по неколкупати во годината, создавајќи неверојатен амбиент. Успева да ја задржи свежината на цветот и по неколку години, и тоа без некоја посебна грижа.
Но, и најотпорната грмушка нема да успее ако се наоѓа директно на сонце и на суво, или пак ако е премногу под сенка. Цвета во бела, црвена, розова, жолта и виолетова боја. На почетокот божурот ги красел градините на богатите и на царевите, па затоа е наречен и кралски цвет.
Божурот се одгледува повеќе од 1300 години, а во Европа е донесен пред повеќе 200 години. Тоа е раскошна цветна грмушка со висина од 1 до 2 метри. Има крупни цветови во бела, розова, жолта, виолетова и црвена боја кои може да бидат еднослојни или дупли, а стеблото е дрвенесто.
Цвета во мај и јуни, но тоа зависи од видот. Посадете го на сончево место или најдобро во полусенка, во плодна, умерено влажна и песоклива земја. Не му одговара кисел супстрат ниту многу влага. Спаѓа во растенија – трајници (може да живее 10 – 15 години), па затоа е најдобро да го посадите на место кое најмногу му одговара.
Најдобро е да го посадите од средината на септември до октомври, а ако се одлучите да го одгледувате во саксија тогаш може да го посадите во текот на цела година. Се сади во длабоки дупки 50-60 см.
На дното ставете дренажен слој 20 см, потоа слој хумусна земја, ѓубриво и на крај завршете со хумусна земја. Внимавајтејте коренот да не дојде во допир со ѓубривото за да не из-гори од силината. Од садењето до првото цветање може да поминат и неколку години, но обично цветаат уште при првата или втората година.
Иако божурот е долговечно растение, најчувствителни делови во текот на неговиот развој му се размножувањето и пресадувањето. Се размножува во есен, на крајот од вегетацијата или во рана пролет.
Секој дел кој ќе се сади треба да има по три вегатативни врвови. Со резници се размножува во зима, но може да се закоренат и во текот на летото. Со коренчиња се размножува во текот на зимата.
Полевањето треба да биде умерено во текот на вегетациониот период. Во периодот на раст, па се до јули треба редовно да се полева. Прихранувајте го после третата година, и тоа во пролет, со 50 г минерално ѓубриво по корен, а во лето после цветањето прихранувајте го со органско ѓубриво кое во својот состав има големо количество азот.
Ако забележите кафеави дамки на младите изданки тоа е знак дека го нападнале габички поради преголема влага. Зафатените делови треба да се отстранат така што ќе се отсечат малку над земјата и ќе го третирате со некој фунгицид.
За да биде убаво обликувана грмушката на божурот треба да се прави орежување. Се режат само гранките кои се преплетуваат и го нарушуваат убавиот изглед. Најдобро е тоа да го правите во доцна зима или рана пролет, додека растението е во фаза на мирување за да се избегне течење на соковите.
ПРАВИЛА ЗА САДЕЊЕ
Најдобро време за садење на божурот е есен, ос средината на септември до средината на октомври, а особено внимание треба да се обрати внимание на длабочината. Младите пупки треба да се покријат со слој земја од 3-5 см. Растојанието помеѓу садниците треба да биде 70х70всм или 50х70 см.
Во првата година се посветува поголемо внимание, кога се отстрануваат сите цветни пупки со цел да се сти-мулира растот на надземниот и коренестиот дел. Во втората година се оставаат само 1 до два цвета по билка. Во третата и следните години се отстрануваат страничните гранчиња и се оставаат 5-7 цвета по билка.
Бербата на цветовите на божурот се врши во мај и јуни, и во зависност од сортата трае 2-5 седмици. Цветовите може да се чуваат на температура од 2-5 степени (во фрижидер) и до 14 дена без да овенат.
СЕ ВЕРУВА ДЕКА БОЖУРОТ ИМ НОСИ СРЕЌА НА ЖЕНИТЕ И БЕРИЌЕТ НА ДОМОТ
Божурот е познат по латинското име Peonia, а името го добил по грчкиот бог Пеон кој го излекувал Плутон со оваа билка. Зевс морал да го преобрази ученикот во прекрасен цвет кога се покажало дека по умешност и знаење ќе го надмине дури и својот учител.
ЗНАЧЕЊЕ НА БИЛКАТА: има поќекратно значење, а ги претставува следните вредности:
ЧЕСТ, особено за луѓе кои носат чест на целото семејство преку сопствениот успех, мудрост и богатство, без притоа да го извалкаат својот оброз, односно, пречу чесна работа, труд и знаење.
РОМАНСА и романтична љубов со посебен акцент помеѓу двајца странци; Кога млада девојка/невеста бира буќет цвеќе за себе, се советува во него да се содржи барем еден цвет од ожур, бидејќи симболизира среќен брак и хармонија во брачниот живот.
УБАВИНА, во сите облици. Исклучок се некои култури, каде божурот симболизира тага и срам.
ГИ БРКА З ЛИТЕ НАМЕРИ. Одреден облик на божурот познат како „билка Паеонија“, со векови е дел од источната традиционална медицина и се смета за билка која ги брка негативната енергија и з лите намери. Се верува и дека е одлична за болки во стомакот и проблеми со мокрењето.
ПОРАКАТА НА ОВАА БИЛКА
Запамтете како вашите дела се одразуваат на вас и на другите, па секогаш постапувајте чесно и со почит. Не плашете се да се извините доколку сте погрешиле и споделете ја вашата љубов со другите.