Рецептот на Рада ме воодушеви, бидејќи ме потсети на старинските колачи што ги правеше мојата баба. Сè уште добро се сеќавам на нивниот вкус и затоа веднаш го испробав, а колачот излезе совршено!
Сè што треба да направите е да ги измешате состојките за кора, да прелиете, да ставите на печење, а во меѓувреме да го подготвите кремот, нешто слично како пудинг. Еве што ви е потребно:
ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 г шеќер, 200 мл масло, 150 г мелени ореви, 250 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 300 мл газирана вода.
ЗА КРЕМ: 2 јајца, 180 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 200 г путер/маргарин, ореви за декорација.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад се кршат 3 јајца, се матат пенасто со миксер, па се додава 200 г шеќер постепено. Смесата се мати додека шеќерот да се растопи во јајцата.
Потоа постепено се додава маслото додека непрекинато матите со миксерот. Запомнете дека најсочните колачи секогаш имаат малку масло во нив.
Во изматената смеса се додаваат оревите, па постепено се додава брашното измешано со 1 кесичка прашок за печиво.
Матете со миксерот на помала брзина. Кората може да се пече на 2 начина. Првиот начин е да го поделите тестото и да го печете на двапати, во плех со димензии 20×30 см.
Вториот начин е да ја печете кората во поголем плех, а кога ќе се испече да ја поделите на половина. Јас печев по вториот начин. Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15–20 минути.
ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Во сад изматете ги двете јајца заедно со 180 г шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер.
Смесата излејте ја во тенџере и гответе ја на умерен оган додека да се формира конзистентност како пудинг.
Потоа додајте 200 г путер или маргарин и мешајте додека да се растопи. Кремот мора добро да биде оладен пред да се филува кората.
Кората се дели на две половини. Добро оладениот крем се разматува малку со миксер, па 2/3 се премачкуваат на првата кора. Одозгора се става втората половина од кората и се премачкува со преостанатиот крем.
По желба декорирајте ја тортата со мелени ореви како што направив јас, а потоа ставете ја во фрижидер добро да се стврдне. Се послужува сечена на штангли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.