Вака приготвениот компир е сочен и доста заситува. Ви препорачувам да го пробате!
Потребни состојки:
1,5 кг компири
500 мл павлака за готвење (хопла)
200 мл млеко
100 мл масло
1 супа во прав од печурки
Зачини: сув мешан зеленчук, црн пипер, магдонос
По желба: рендан кашкавал
Постапка:
Излупете го компирот и исечете го на тркалца. Зачинете со црн пипер и вегета, па измешајте убаво да се распореди.
Супата од кесичката истурете во павлаката и добро изматете да нема грутчиња, па додадете млеко и масло, ситно сечкан магдонос, па добро измешајте.
Компирот наредете го во тепсија 30 см, и преку него прелијте ја приготвената смеса.
Печете во загреана рерна на 200 степени 35-40 минути.
На кратко извадете надвор и обилно наросете рендан кашкавал, онолку колку што сакате. Вратете на уште 10-тина минути за да се растопи кашкавалот.
coolinarika.com