Состојки за една кора (потребни се 4 кори):
6 белки
6 лажици шеќер
100 г мелени ореви
1 лажица брашно
ФИЛ 1:
12 жолчки
200 г шеќер
3 лажици брашно
3 кесички пудинг од ванила
1 литар млеко
400 г Noisette милка чоколадо
250 г путер/ маргарин
ФИЛ 2:
12 жолчки
200 г шеќер
3 лажици брашно
3 пудинзи од ванила
1 литар млеко
400 г бела милка
250 г путер/маргарин
И уште:
750 г крем шлаг
750 мл вода
Постапка:
За кора: загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе тавче 40х33 см (големиот плех од рерната) и ставете хартија за печење.
Во една чинија измешајте мелени ореви и брашно. Белките и шеќерот изматете ги во цврст снег.
Оставете го миксерот на страна и додадете ореви и брашно. Измашјте рачно.
Смесата истурете ја во плех и печете на 200 степени 15 минути. Не ги мијте перките од миксерот.
Жолчките од првата и втората кора ставете ги во една чинија, поклопете и ставете во фрижидер. Истото направете го со жолчките и од третата и четвртата кора.
На истиот начин пригответе уште три кори. И кога ќе завршите со приготвувањето на четвртата кора, не мора да ги миете перките туку искористете ги за приготвување на филит.
За ФИЛ1: жолчките со шеќерот изматете ги пенесто, додадете брашно и пудинг и малку по малку млеко (околу 300 мл) да се добие смеса без грутчиња.
Остатокот од млекото ставете го во шерпа со 100 г шеќер. Кога млекото ќе проврие, сварете го филот со намалена температура и постојано мешање додека да згусне.
Во врелиот фил додадете ја Noisette милка чоколадата искршена на коцки и мешајте додека да се растопи. Оставете филот добро да излади.
За ФИЛ2: жолчките со шеќерот изматете ги пенесто, додадете брашно и пудинг и малку по малку млеко (околу 300 мл) да се добие смеса без грутчиња.
Остатокот од млекото ставете го во шерпа со 100 г шеќер. Кога млекото ќе проврие, сварете го филот со намалена температура и постојано мешање додека да згусне.
Во врелиот фил додадете ја белата милка чоколада искршена на коцки и мешајте додека да се растопи. Оставете филот добро да излади.
После вториот фил измијте ги перките од миксерот.
Кога двата фила добро ќе изладат изматете крем шлаг со вода и оставете на страна. Не ги мијте перките, туку продолжете со матење на путерот.
Пригответе два сада и во секој ставете по 250 г путер/маргарин. Пенасто изматете. Во првиот сад додадете го филот со бела милка и добро соединете. Го добивте филот 2.
Истото направете го и со кафеавиот фил 1.
Начин на филување:
Кора – фил 1 – фил 2 – шлаг
Кора – фил 1 – фил 2 – шлаг
Кора – фил 1 – фил 2 – шлаг
Кора – шлаг