Рецепт на Сара од Мои Домашни Рецепти. Оваа торта е највкусната торта што некогаш сум ја направила – проверен рецепт. Се подготвува многу лесно, па дури можат да ја направат и оние кои се почетници во кујната. Тортата не се пече, само се редат состојките и се премачкува со преливот.
Важно е само да ја оставите тортата добро да се излади во фрижидер и да се стврднат пишкотите, а потоа само премачкајте и послужете. Потребни ви се само неколку состојки што веројатно постојано ги имате во вашата кујна доколку сте љубител на домашните торти. Со оваа торта со сигурност нема да згрешите, а и домашните ќе бидат воодушевени.
Потребни состојки: 300 г пишкоти, 250 мл ладно млеко. За преливот: 2 јајца, 1 ќесичка ванилин шеќер, 5 супени лажици шеќер, 500 мл млеко, 100 г чоколадо за готвење, 60 г прашок за шлаг со вкус на чоколадо, 3 супени лажици ванилин шеќер, 200 г путер/маргарин. За фил: 200 мл слатка павлака, 1 супена лажица Нутела или некој друг крем.
Постапка: Во пан тава ставете проѕирна фолија, а потоа кратко потопувајте ги една по една пишкотите во млекото и редете ги преку целата површина и од страните на тавата. За преливот: Во тенџере ставете ги двете јајца, ванилиниот шеќер, шеќерот и изматете со жица додека се соедини сместата. Потоа додајте го млекото и брашното и повторно промешајте ја добиената смеса со жица за матење, а тенџерето ставете го на рингла.
Со постојано мешање, почекајте смесата да се згусне, а потоа додајте го чоколадото. Откога ќе добиете густ чоколаден прелив, прелијте го во чист сад и додајте го прашокот за шлаг со вкус на чоколадо и ванилиниот шеќер. На крајот додадете го путерот или маргаринот и измешајте ја смесата со миксер.
Добиената смеса прелијте ја врз тавата со пишкоти. Исто така потребно е од страните да имате наредено пишкоти кои ќе се издигнуваат над чоколадната смеса. Потоа повторно наредете уште еден ред пишкоти претходно потопени во млеко на средина од тавата, преку целата нејзина површина.
На крајот завиткајте одозгора со проѕирната фолија и оставете ја тортата да се излади преку ноќ во фрижидер. Пред да ја ставите тортата во фрижидер одозгора поклопете со уште една фолија. Наредниот ден подгответе го филот.
За фил: Во сад ставете ја слатката павлака и мешајте со миксер додека да добиете пенаста структура. Потоа додајте 1 супена лажичка Нутела и повторно измешајте со миксер. Извадете ја тортата од фрижидер, отстранете го горниот дел на фолијата и превртете ја во чинија така што долниот дел од тортата сега ќе биде на површината убаво стврднат и израмнет.
Со смесата која ја подготвивте за филот, премачкајте ја тортата од сите страни и израмнете го кремот. Одозгора наросете со рендано чоколадо или мрвици за декорација. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.