Иако не е школувана глумица, со својот талент ги разби сите предрасуди – таква е оваа жена – „змеј“, „лавица“, борец со насмевка која никогаш не ја симнува од своето лице. Зинаида Дедакин е српска филмска и театарска актерка. Родена е на 29 февруари 1960 година во Белград.

Публиката ја засака преку улогите во култните серии „Породично благо“, „Бела лаѓа“, „Војна академија“, „Ургентни центар“, а имала и значајни театарски улоги. Живее и работи во Белград. Ја красат ведрина и широка насмевка со која се води во животот и со која се изборила за своето место во актерскиот свет.

Иако не е школувана глумица, со својот талент ги разбила сите предрасуди. На почетокот нејзиното пробивање било многу тешко, затоа што за неа немало место во актерскиот свет, што ја натерало да замине во Народниот театар во Зеница. Подоцна се вратила во Белград, се остварила како мајка, а потоа и како театарска, па и како телевизиска глумица.

Детство и растење

Зинаида Дедакин е родена на 29 февруари 1960 година во Белград. Пораснала во населбата Маринкова Бара со своето семејство. Има сестра, постара од неа три години. Кога се родила таа, нејзиниот татко очекувал да добие син. Сознавајќи дека е девојче, отишол во кафеана да се оп-ие, па пи-јан заминал во кино да гледа филм.

Во тој филм играла руската глумица Зинаида К. Тогаш донел одлука неговата ќерка да се вика Зинаида. На тој начин нејзиниот татко од самото раѓање, на некој начин, и го одредил животниот пат, бидејќи многу години подоцна неговата ќерка тргнала по чекорите на руската глумица.

Подоцна, дури и имала можност да соработува со глумицата по која го добила името. Поради необичното име, во училиштето честопати Зинаида била задевана од другите соученици. Ја нарекувале Зина, а таквиот прекар и останал до ден денешен. Во белградската населба Маринкова Бара таа со своето семејство живеела во близина на популарната кафеана „Јахорина“.

Во тој крај имало и повеќе ромски семејства. Со сите убаво се дружела и растела на периферијата од Белград. Уживала во разноликоста на својата населба. Пишувала песни уште како дете. Главно, тоа биле тажни песни, иако таа била среќно дете. Во дворот од својата куќа имала орев и дуња, па мирисот на оревот и дуњата и денес ја потсетуваат на детството.

Како помлада сестра била воодушевена од постарата сестра. Со мајка си поминувала многу време, а со татка си нешто помалку. Од тие причини можеби затоа повеќе била приврзана за татка си и се однесувала како „таткин син“. Со татко и правела некои автомеханичарски работи, а суќна за првпат облекла во осмо одделение.

Подоцна татко и и‘ рекол дека е време да започне да се однесува како девојка, па се одвоила од „машките работи“. Уште додека била дете во себе го препознала талентот за глумење. Нејзините родители не биле воодушевени од тоа, но не ја ограничувале.

Сметале дека нивната ќерка, како и другите деца, треба да заврши школо и да има работно време од 7 до 15 часот. Се вработила на 19 години, работела од 7 до 15 часот како што посакувале нејзините родители и се осамостоила. Сепак, нашла време и за театар и за своите први улоги.

Патот кон светот на театарската уметност

На 18 годишна возраст за првпат добила задача да одглуми една „тажна и пија-на жена“. Подоцна сфатила дека тоа го одиграла совршено добро, иако не била свесна како навистина тоа изгледа во реалност. Се пријавила на аудиција во Народниот театар, успешно поминала, па си ги спакувала своите куфери, даската за пеглање и од својот роден Белград се преселила во Зеница.

Подоцна многу се раскажувало како анегдода настанот за тоа како во Зеница ја понела својата даска за пеглање, како другарот и помогнал во селењето за да го започне својот нов живот. Подоцна таа овој момент го објаснила како целосно оставање на својот роден Белград, својот град во кој ги оставила своите родители, својата сестра, своето момче… за да ги оствари своите соништа.

Не и било важно колку ќе заработува. Единствено сакала да го почуствува театарот и радоста на своето суштествување. Подоцна нејзините родители оделе со воз за да ги гледаат нејзините претстави, и тогаш за првпат изјавиле дека не било толку лошо што нивната ќерка ја оставила економијата и што одлучила да ја води она што и е во срцето.

Љубовта од Белград во Зеница

Зинаида својот живот во Зеница го памти по убаво. Таму ја гледале како Белграѓанка, како некој од велеград стигнал во нивното гратче, Југославија во мало. Се чувствувала безбедно и своја, но никогаш не се чувствувала како подобра од другите само затоа што е родена во Белград.

Сите убаво ја прифатиле. Таа тогаш била вљубена и недопирлива за момците од тој крај, затоа што својата љубов ја оставила во Белград. Оставајќи го својот Белград, го запознала момчето Ненад и се вљубила. Тој одлучил дека ќе ја чека, а со воз доаѓал за да се гледаат. Нивната љубов опстојала, а Зинаида во Зеница поминала три театарски сезони. Потоа повторно ги спакувала куферите, својата даска за пеглање и се вратила во Белград.

Враќање во родниот крај и семеен живот

Зина останала бремена, па поради својата ќерка Соња одлучила својата кариера да ја стави на пауза и да се омажи за Ненад. После три години уживање во семејното гнездо го добиле и синот Виктор. Тоа било во 1993 година која освен по вој-ната, ќе ја памти и по тешкиот пораѓај кога не се знаело дали ќе остане жива.

Било комплицирано и тешко, но на крај добро се завршило и за мајката и за бебето. Во тој период Зина целосно ја паузирала својата кариера, станала обична мајка која ги одбивала понудите за работа. Интересно е тоа што својата ќерка Соња со само 40 дена по раѓањето ја водела на театарска претстава.

БОЛЕСТ И ОЗДРАВУВАЊЕ

Имала многу среќа во животот, но одеднаш доживеала пад, затоа што како што вели таа, потпаднала под власта на сопственото его. Откако и се вратила повторно на кариерата, духовно многу отпаднала и физички се разболела. Добила тумор. Тогаш за помош се обратила кај психотерапевтот Марко Пешиќ, за кого вели дека многу и помогнал со помош на „реики“ методот.

Се изборила со сите проблеми и станала „своја“. Таа објаснила дека после психотерапијата, со која и се вратила љубовта и радоста кон себеси, таа успеала да го победи и туморот. Иако имала закажана опе-ра-ција, на истата не отишла, бидејќи како што вели, туморот се истопил.

Оттогаш таа смета дека е многу важно да бидеме благодарни за секоја потешкотија во животот со која ќе се соочиме, бидејќи од сè што ќе доживееме, можеме да извлечете поука. Со својот сопруг Ненад заедно со децата живеат во Белград. Ќерката Соња иако е талентирана на мајка си, сепак не одлучила да оди по нејзините стапки.