Ова е највкусната, најсочната посна торта со ореви и локум. Рецепт и видео презентација на Спасиќ Ема од Емилина кујна. Ова некогаш бил нарекуван Ембарго колач, за кој беа доволно да се испечат две кори и да се пресечат на половина, со тоа што тестото може да се додадат и малку рендани јаболка.




„Со години ја јадам на слава кај една пријателка и сите гости се воодушевени од вкусот, па и јас. Затоа сакав да го споделам нејзиниот рецепт бидејќи е проверен и на многумина им се допаѓа вкусот” – вели Ема за овој рецепт кој многумина го оценија со највисока оцена 10.




Многу вкусна и сочна торта со локум која е одлична за периоди на пост. Но, толку многу ќе ви се допадне што ќе си ја приготвувате секогаш кога ќе ви се присака да се засладите со некој вкусен колач. Во рецептот како мерки се користат чаша од 200 мл и шолја од 100 мл.




Потребни состојки: 1 чаша бело вино, 1 чаша шеќер, 3 шолји за кафе масло, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво, 1 лимон – рендана кора, 2 чаши газирана вода, 1 шолја обична вода, 1 лажица какао и 1 чаша мелени ореви




Постапка: Во подлабок ставете една чаша вино, шеќер и три шолји масло. Потоа додајте просеано брашно и прашок за печиво, рендана кора од лимон. Промешајте, па додајте газирана вода, обична вода, какао и мелени ореви.




Повторно промешајте додека да добиете изедначена потечна смеса. Плехот од рерна намастете го и обложете го со хартија, па излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја со протресување на калапот. Загрејте ја рерната на 200 степени.




Ставете да се пече 30 минути на 200 степени и уште 10 минути во исклучена рерна. Кората ќе биде биде малку распукана. Откако ќе подилзади, кората се сече на 4 еднакви делови. Потоа пригответе го филот, а мармаладот извадете го да омекне на собна температура.




На оган се става 250 г шеќер, чаша вода и 200 грама локум, па загревајте со постојано мешање додека да се растопи и да добиете изедначена смеса. Потоа додајте 200 г мелени ореви, промешајте, па кога смесата ќе стане компактна, оставете ја на страна да се олади.




Секоја кора (за да биде посочна можете да полиете со малку овошен сок) премачкајте ја прво во тенок слој со мармалад од шипки, а потоа со фил. Редете ги корите една преку друга. Одозгора наросете сечкани ореви, лешници…или комбинација по ваш избор и вкус. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.