Брзи се онолку колку што вие сте брзи во замесувањето, а се киснат додека се грее рерната! Се печат за 15 минути!
Потребни состојки:
600 г брашно
1 прашок за печиво
100 мл масло
1 кисела павлака
1 сув квасец, разматен во
200 мл топло млеко
Постапка:
Замесете го тестото, развлечете кора, расечете на тријаголници и мотајте ги кифличките.
Додека се загрева рерната на 180 степени, кифличките одмораат.
Премачкајте ги со јајце и печете ги околу 15 минути, по желба.