Капките за нос сигурно се еден од најефикасните и најбрзите начини за да го одзатнете носот и продишете со полни бели дробови. Меѓутоа, постои проблем, бидејќи нивниот ефект е краткотраен, а како лек на долги патеки воопшто не се препорачуваат, бидејќи, како што објаснуваат експертите, создаваат ефект на зависност и само уште повеќе го продлабочуваат проблемот.
Природните решенија како што се кромидот, босилекот, топлите бањи и сода бикарбоната не се нешто од посебна помош. Докторите истакнуваат дека физиолошкиот раствор е најдоброто природно средтсво кое помага кај затнат нос и предупредуваат дека капките никако не смеат да се користат подолго од седум дена.
Назална конгестија или затнат нос, се случува кога во внатрешноста на носот ќе се собере голема количина на слуз. Како што објаснуваат лекарите, во носот се наоѓа мрежа од кр-вни садови која постојано се шири и собира.
КАПКИТЕ ШИРАТ, А СОЛЕНАТА ВОДА ГО ЧИСТИ НОСОТ
Стимулацијата или иритацијата на носот влијае врз нервниот систем и доаѓа до прилив на поголема количина на к-рв во носот. На тој начин доаѓа до појава на оток кој спречува слузта да излезе надвор, а поради тоа пак, се блокираат дишните патишта.
Најчеста причина за прекумерна продукција на густ секрет е воспаление на синусите, а назалната конгестија е проследена и со вирусни инфекции.
-Просечен возрасен маж, во мирување вдишува до 12 литри воздух секоја минута. Замислете го сега носот како простор кој е исполнет со ситни шуплини, со широчина од два центиметри од средишната преграда до страничната страна на носот.
Овој параметар не е секогаш ист, па во еден миг тој може да изнесува пет, а во следниот два центиметри. Тој простор постојано се собира и шири. Капките за нос содржат ксилометазолин, кој ги собрира кр-вните садови и на тој начин ја проширува шуплината.
Познато е дека токму ксилометазолинот е тој кој најмногу помага кога станува збор за затнат нос. Мораме, сепак, да знаеме дека капките за нос можат да се користат најдолго седум дена – истакна за е-Клиника спец.оториноларинголог д-р Срѓан Миличевиќ.
Тој предлага и примена на алтернативни решенија во вид на топли бањи, сода бикарбона, босилек, облога од кромид, диви краставички, но вели дека многу од овие решенија немаат научна основа и дека можат само да го прочистат носот.
-Солената вода во некои ситуации е добро решение. Но, мора да знаеме дека таа служи за нешто друго. Во носот се собира секрет, а носот е како филтер на кој се собира прашина, разноразни честички, сè што вдишуваме.
Солената вода е средство со кое носот се чисти од тие разни честички и на тој начин се подобрува проодноста. Значи, капките шират, а солената вода го чисти носот. За деца и бремени жени, пред сè препорачувам природни препарати, а најприродната супстанција е токму физиолошкиот раствор – истакнува д-р Миличевиќ.
Кога станува збор за други замени за нос, докторот објаснува дека нема доволно научни докази кои би ја оправдале оваа примена.
-Некои пациенти ги фалат дивите краставички како многу ефикасни во решавање на овој проблем. За да можеме нешто да го препишеме како лек, мораме да знаеме како точно некоја супстанција делува врз човековиот организам.
Ова природно средство сè уште не е истражено и не постојат докази за неговата ефикасност. Веројатно има нешто во дивите краставички што влијае врз слузокожата на носот за да се намали отокот, но што конкретно не знаеме – објаснува д-р Миличевиќ.
ШТО ДА ПРАВАМ КОГА НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ БЕЗ КАПКИ ЗА НОС?
Истражувањата покажале дека неконтролираната употреба на капки за нос доведува до трајно оштетување на слузокожата, а може да се добие и неалергиски, од лекови индуциран медикаментозни ринитис. Разни истражувања покажале дека еден од девет од сите заболени кои посетуваат алерголог или оториноларинголог го имаат овој проблем.
-Тоа е воспаление на слузокожата предизвикана од лекови. Повторно се враќаме на приказната дека слузокожата на носот некогаш се шири а некогаш се собира. Прекумерната употреба на капки делува така што слузокожата постојано се шири.
После месец дена користење, доаѓа до пореметување на системот и тогаш слузокожата која била 2 см, започнува да отекува 5 см, а задачата на капките е да ги собираат кр-вните садови и на тој начин да го намалат отокот – објаснува д-р Миличевиќ.
Експертите тврдат дека постојат неколку препораки како се лекува ова заболување, а најважно е веднаш да се престане со користење на капки од групата деконгестиви, тип на лекови кои помагаат при конгестија, односно затнат нос и тоа во пределот на горниот респираторен тракт.
ШТО ДА ОДБЕГНУВААТ ТРУДНИЦИТЕ, А ШТО ПОМАГА?
Медицинската статистика бележи дека проблемите со дишењето на нос го има секоја трета бремена жена во некој момент од бременоста. Трудничкиот ринитис може да биде и еден од првите симптоми на бременоста, кога доаѓа до зголемување на волуменот на кр-вта во телото.
Бидејќи носните канали се тесни и ситни, тие се први на у-дар. Кај некои жени до оваа појава доаѓа уште во текот на првиот триместар. Трудничкиот ринитис главно поминува целосно после пораѓајот.
-Кај бремените жени не можеме да кажеме дека тоа е болест, но таа слузокожа е особено чувствителна и во бременоста доаѓа до нејзино отекување и главно трудниците дишат отежнато преку нос.
Има многу пациентки кои во бременоста имаат проблем со носот, а во овој случај некои природни лекови како што се кромидот, босилекот и слично, малку помагаат. Но, има и некои природни препарати на база на билки кои им ги советуваме на трудниците, објаснува д.р Весна Костиќ, спец. оториноларингологија.
Таа објаснува дека состојбата има минлив карактер, кај некои жени се појавува во првите три месеци од бременоста, додека кај некои 30-40% од жените отежнато дишат на нос до самиот пораѓај. Се јавува и кај трудници кои претходно немале никаков хроничен ринитис.
Тука, на пример, туширањето со топла вода помага да се дише, но само 10-15 минути после туширањето. Не е до крај делотворно, а често после тоа знае да биде уште полошо, бидејќи настанува уште поголем оток во носот и тешко се дише.
Поради здравјето на мајката и детето, најдобро е да се користат природни средства како што се физиолошкиот раствор со додаток на евкалиптус. Тој може да се користи по потреба кога се присутни тегобите. Со препаратите на база на билки, трудницата може да го отстрани отокот и после со денови нормално да дише – објаснува д-р Костиќ.
Оториноларинголозите предупредуваат да се одбегнува шмр-кање и повлекување на слузта назад во носот, да се однегнува максимално ал-ко-хол и цигари. Немојте многу силно да го дувате носот, бидејќи тоа ќе предизвика уште поголемо затнување.