Многу моќен напиток кој ги топи мастите од стомакот!

Потребни состојки:

4 стапчиња цимет
2 големи лимони
4 корења ѓумбир
1 полна китка магдонос
10 ливчиња свежо нане или мента
1 литар вода

мед 

Постапка:

Количините се доволни за еден ден за брзо слабеење или два дена за умерено. Секој ден пригответе нов, свеж напиток. Во меѓувреме, остатокот се чува во фрижидер.

Ставете ја водата на оган да зоврие заедно со 4 стапчиња цимет и гответе на умерено околу 15-20 минути додека водата да стане црвена.

Ѓумбирот излупете го и исечкајте го на помали парчиња.

Лимонот излупете го и исто така исечкајте го на помали парчиња.

Исечканиот магдонос заедно со ментата, лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер и миксајте додека да се изедначи смесата.

За тоа време чајот од ѓумбир ќе биде изладен (млак), па додадете го во смесата од блендерот и уште еднаш миксајте за да се изедначи течноста.

Потребно е да миксате околу 5 минути.

Сервирајте една чаша од напитокот со лажичка мед.

Оваа количина е доволна за 2 дена: се пие по 250 мл наутро на гладно и навечер пред спиење.

За уште побрзо согорување, пијте 500 мл наутро на гладно и 500 мл неколку часа пред спиење наместо вечера!

Третманот трае 5 дена, а за тоа време ќе ослабете многу. Бидејќи во организмот ќе започнат забрзано да се одвиваат процеси за разбивање на мастите, потребно е пиете многу вода или чај од магдонос, чај од свила од пченка, да јадете полесна храна, сè со цел да се исфрлат сите штетни метаболни продукти.

После пауза од 7-10 дена можете да ја повторите постапката доколку сакате уште да слабеете.