Рецепт и видео презентација на “Serpica” – Колач со јаболка.

Колачот во кој сите уживаат со големо задоволство, а се приготвува навистина за многу кратко време.

Потребни состојки:

600 г петит кекси (може половина да бидат какао), 1 кг јаболка, 2 пудинг од ванила, 600 мл млеко, 250 г шеќер, 250 мл слатка павлака или шлаг, плех 20х30 см

Постапка:

Јаболката убаво измијте ги, а потоа излупете ги и изрендајте ги. Прелијте ги со 300 мл млеко (одземете од оние 600 мл) и шеќер, па ставете ги на оган да се готват 10-тина минути.

Во остатокот од млекото (300 мл) додадете го прашокот за пудинг и промешајте. По вкус може да додадете цимет, ванила, рум или некој друг зачин. Кога јаболката се сварени во млекото, намалете ја температурата, па постепено додадете го разматениот пудинг и мешајте додека да се згусне.

На дното од плехот 30х20 см наредете кекси, и врз нив веднаш рамномерно распоредете 1/3 од врелиот фил. Врз филот наредете нов ред кекси, па повторно фил, трет ред кекси, трет слој фил и четвртиот слој кекси.

Вака приготвениот колач оставете го на собна температура, па кога ќе се олади ставете го во фрижидер убаво да излади. Одозгора украсете го со шлаг или изматена слатка павлака. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: