НАЈМЕКИОТ БИСКВИТ НА СВЕТОТ…Дури и сунѓерот е потврд од него! Ова е познатиот „Кастела“ колач, познат шпански бисквит на кој му нема ниеден рамен.
Се подготвува од истите состојки како и обичниот бисквит за торти, но постапката е малку различна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала чаша од 120 мл):
1/2 чаша масло
1/2 чаша млеко
1 чаша (1 прст подолу) брашно
5 жолчки
1 кесичка ванилин шеќер
5 белки
1 прстофат сол
1 чаша (1 прст подолу) шеќер во прав
ПОСТАПКА:
1.Маслото и млекото загрејте ги во тенџере да бидат млаки, 1-2 минути.
2.Сипете ја течноста во подлабок сад. Додајте просеано брашно и промешајте со жица, да нема грутчиња.
3.Додајте 5 жолчки и соединете ги во смесата, а потоа и ванилин шеќер.
4.Во друг подлабок сад пенасто изматете ги белките со прстофат сол, додека да добиете цврст снег. Во текот на матењето постепено на 3-4 наврати додајте го шеќерот во прав.
5.Лажица по лажица додавајте од снегот во смесата со жолчки и мешајте со шпатула додека да се изедначи.
6.Смесата сипете ја во калап 16х18 см обложен со хартија за печење. Поминете со дрвено стапче низ целата смеса за да излезат евентуалните воздушни меурчиња.
7.Садот ставете во поголем плех исполнет со вода, па ставете во претходно загреана рерна на 170 степени, веднаш пред самото ставање намалете на 150 и печете 45-50 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.