Се разбира, ужасно грозно е кога во вашата чинија ќе најдете инсект или влакно од коса. Но дали знаете, дали е тоа опасно за вашето здравје или не?
Еве што велат експертите:
Кога ќе најдете влакно во вашиот оброк, доколку сте гадливи веројатно ќе добиете нагон за повраќање. Но, не дигајте паника, бидејќи тоа и не е толку страшно колку што си мислевте.
Експертите тврдат дека не постои опасност од ширење на болести. Влакната се составени од протеин наречен кератин, кој не пренесува патогени.
Ако во вашето јадење пронајдете мува, тие велат дека дури и тогаш не треба да се грижите премногу.
Имено, експертите тврдат дека мувите во вашето јадење не се штетни, па дури и ако случајно изедете некоја, ќе го збогатите вашето тело со изненадувачки добри протеини : – )
Затоа, ако не сте од оние премногу гадливите, ако здогледате влакно или мува во својата чинија, само потргнете ги настрана и продолжете си со оброкот!