Овие шницли од мелено месо можете да ги послужите со многу вкусен сос: домашен мајонез малку разблажете го со две лажици кисела павлака и додајте ситно сечкан магдонос или рендани кисели краставички, по вкус. Многу се вкусни – сигурно вакви досега не сте јаделе.
Потребни состојки: 500 г мелено месо, поголемо парче леб (потопено во вода или млеко), 1 главица кромид, ситно сечкан магдонос, 2 лажици сув мешан зеленчук, 1 јајце, црн пипер, 1 лажичка сода бикарбона (рамна)
Постапка: кромидот ситно исечкајте или изрендајте го на крупно како јаболка (а може и да го сомелете во блендер) и измешајте го со сите состојки. Добро измесете ја содржината за да се изедначат состојките.
Поделете ја смесата на 8 еднакви дела и направете топчиња, па оставете ги 2-3 часа да отстојат во фрижидер, во малку намастен сад и одозгора покриени со фолија. Топчињата исплескајте ги помеѓу два листа проѕирна фолија или кеса за замрзнување.
Може да ги „плескате“ и со намастени дланки, како вам ви е полесно. Печете ги на тефлонска тава на многу малку масло, претходно добро загреана на умерена температура.
Може да се исечка ситно уште една главица кромид па кога на чинијата ќе се послужи една плескавица, врз неа да се нароси и кромид, па преку неа да се стави уште една плескавица и така по ред. На овој начин кромидот ќе омекне а плескавиците ќе го примат неговиот мирис.
II РЕЦЕПТ Вкусно јадење од кое сите ќе ви побараат уште: Сочни шницли од мелено месо по старински рецепт
Плескавиците на мајка ми, толку се вкусни и меки, а месото е компактно и не се распаѓа, што секогаш кога и да ги направам, се изедуваат до последното парче и ми бараат уште. Пробајте да ги направите според овој рецепт, нема да се покаете.
За да ги приготвите овие сочни и вкусни плескавици ќе би бидат потребни следните состојки за 12 парчиња: 1 кг мелено мешано месо, 1 поголема главици кромид од 200 г, 4 чешниња лук, 1 семела или дебело парче леб, 1,5 лажичка сол, половина лажичка црн пипер во прав
Постапка: земете една поголема главица кромид, излупете ја, а потоа исечете на коцкички колку што можете поситно (може и да го сомелете кромидот или многу ситно да го исечкате на „сечко“). Земете едно парче семела или подебело парче леб, па натопете го во вода.
Во еден длабок сад каде ќе ја замесите смесата ставете 1 кг мешано мелено месо (половина говедско, половина свинско месо), па додајте го ситно сечканиот кромид, посолете со 1,5 кафена лажичка сол, половина лажичка црн пипер и натопениот леб, малку исцеден.
Лебот не го цедете целосно зошто потребно е да има и малку вода во месото. Издробете го со прстите, па започнете да ја месите смесата со раце, толку долго, додека да се создадат „кончиња” и дојде до соединување на сите состојки, а смесата да се изедначи.
Во смесата исто така, се додаваат и четири чешниња лукче, многу ситно исечкани или провлечени низ преса, но ако во моментот немате (како мене), ставете малку лук во прав со покрупна гранулација. Сепак, најдобар вкус и мирис се добива со свежо исечканиот лук.
Вака измесеното месо поклопете го со алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да „одлежи” најмалку два часа (а можете да ја приготвите смесата и од претходниот ден). За тоа време ќе се поврзат соковите и вкусовите и смесата ќе созрее убаво.
За формирање на шницлите: во една чинија ставете остро или обично брашно и земете малку меѓу дланките, па протријте ги за да ви се извалкаат. На тој начин нема да ви се лепат рацете кога ќе го зафаќате месото. Црпнете од смесата со голема лажица, па формирајте топка.
Откако со дланките ќе формирате топка, малку сплескувајте ја постепено, а притоа дланките набрашнувајте ги за да не ви се лепи и полесно да се формираат плескавиците. Потоа и шницлата малку набрашнете ја и одложете ја врз хартија за печење.
Величината на плескавиците сами ја одредувате, па може да правите поголеми или помали шницли, а да имаат дебелина од еден центиметар. Загрејте масло во нелеплива тава на умерена температура, па спуштајте ги во него приготвените плескавици.
Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. На мојата рингла мах е 9, а јас маслото го загреав на 6 и на оваа температура ги пржев плескавиците. Се вртат дури откако долната страна добро ќе зарумени. Вкупно се превртуваат по двапати, значи секоја страна се пржи по двапати.
Пржените шницли вадете ги од маслото, малку исцедувајте ги, па ставајте ги во длабоко тенџере и поклопете ги за да ја сочуваат топлината додека другите да се испржат.