Потребни состојки:
2 јајца
200 мл масло
300 мл млеко
1 лажица сув квасец
100 г шеќер
околу 700 г брашно
За фил:
Џем од вишни
вишни
За сируп:
200 г шеќер
300 мл вода
За наросување:
100 г кокос
Постапка:
Квасецот и 100 г шеќер растопете ги во 300 мл млако млеко и оставете да се активира.
Потоа додадете 200 мл масло, две јајца и брашно постепено, па замесете тесто.
Тестото треба убаво да се измеси и да се остави да надојде. Потоа поделете го на 5 дела.
Секој дел развлечете го во кора која ќе ја исечете на 8 триаголници.
На секој триаголник филувајте го со лажичка џем па свиткајте го во кифличка.
Кифличките оставете ги да надојдат 15-тина минути, па печете ги додека да заруменат на 200 степени.
За сируп: водата и шеќерот ставете ги на оган, па откако ќе зоврие варете уште 4-5 минути.
Печените кифлички премачкајте ги со топлиот сируп и наросете ги со кокос или мелени ореви.
Кифлите се многу вкусни и меки како памук.