Освен што е добар за слабеење, одлично делува и врз целокупното здравје.
Состојките кои влегуваат во состав се многу здрави: Чиа семето поволно делува врз здравјето, бидејќи поседува големо ниво на омега 3 масни киселини, протеини, калциум и влакна.
Делуваат како антиоксиданси. Лимонот содржи доста витамин Ц, минерали како што се калциум, калиум, железо.
Потребни состојки:
1 лимон – сок
1 лажица чиа семе
1 лажица мед
250 мл вода
Постапка:
Потопете ги семињата во ладна вода да отстојат 1 час или оставете ги да преноќат во водата.
Потоа наутро ставете ги во блендер и помешајте ги со останатите состојки.
Конзумирајте го овој напиток во утринските часови. Подобро ќе се чувствувате, а ќе ви помогне да го намалите нивото на шеќер и холестеролот во крвта.