За овој напиток зборува целиот свет. Експертите велат дека сите жени треба да го пијат овој одличен пијалак!

Исто така го препорачуваат за брзо и ефикасно слабеење и елиминирање на грдиот целулит.

И секако, овој напиток го обезбедува она што што секоја жена го сака, а тоа е – затегната и убава мазна кожа. Името на овој моќен напиток е чај од ленено семе. Изненадени сте?​

Веројатно знаете дека лененото семе е одличен извор на многу здрави нутриенти како што се: витамини, минерали, масни киселини и диетални влакна кои помагаат во регулацијата на дигестивниот систем.

Исто така, помага во елиминација на токсините и штетните материи од вашето тело; го намалува нивото на шеќер во крвта и го нормализира апетитот.​

Го снабдува телото со лецитин и претставува одличен чистач на цревата. Лененото семе го забрзува согорувањето на масните наслаги и помага во “топење” на салото околу стомакот.​

И, она што сите го посакуваме, лененото семе овозможува здраво и ефикасно слабеење, па затоа голем број луѓе во светот, особено жените, го пијат овој напиток бидејќи се воодушевени од резултатите.​

И, како што ви е веќе познато, лененото семе го препорачуваат доктори на пациенти кои боледуваат од хроничен гастритис, чир на желудник, пиелонефрит, цистит и хемороиди.​

Овој домашен чај од ленено семе многу лесно и едноставно се приготвува. Единствено треба да ги следите инстркциите. Еве што треба да направите:

Ќе ви бидат потребни следните продукти:

1 литар зовриена вода

3 супени лажици ленено семе​

Инструкции:

Еве што треба да направите – многу е едноставно! Само зовријте ја водата и прелијте го лененото семе. Потоа, покријте го садот и оставете да отстои преку цела ноќ.

Може да користите и термос, доколку сакате. Наутро процедете.

Како се користи:

Експертите велат дека треба да се пие по 150 мл од овој одличен напиток, 3-4 пати дневно, 30 минути пред главните оброци. Потребно е секој ден да приготвувате свеж напиток (не правете залихи!).

Овој чај можете да го пиете колку што сакате, додека да ги постигнете посакуваните резултати. Ќе бидете изненадени!

Експертите потврдуваат дека со редовна консумација на чајот од ленено семе, кожата станува поеластична, поздрава и позатегната и нема да биде опуштена и збрчкана откако ќе ослабете.

И да, исто така ќе ви помогне да ослабете побрзо и да го елиминирате целулитот. И не заборавајте да пиете многу вода додека сте на овој третман.​

Напомена: Чајот од ленено семе не се препорачува за луѓе кои страдаат од: камен во бубрег и кои имаат проблем со црниот дроб.