Гастритисот честопати е причинет од хеликобактеријата која во поголеми концентрации може да ја ош тети слузокожата на желудникот и да предизвика чир на желудникот, а во најлош слуќај, дури и рак на желудникот.
Се препорачува да се намали употребата на сол која може да ја влоши оваа состојба. За да се смири воспалението на слузокожата на желудникот и да се подобри отпорноста кон инфекциите потребно е редовно да се пие сок од морков.
Освен цеден сок од морков, исто така, одлично помага и кашата од морков. Овој коренест зеленчук е преполн со витамини и минерали кои одлично помагаат да се подобри здравјето на желудникот.
Поттикнува обнова на слузокожата и ги ели-минира тегобите како што се б олки во стомакот, дуење, ждригавица и гр-чеви кои некогаш се силни со продор-на б олка. Сокот можете да го приготвувате од свеж морков или од готвен.
Морковот е еден од ретките зеленчуци кој со готвење не ги губи хранливите материи, напротив, истите многу полесно се апсорбираат во организмот. Па така, во соковник можете да си цедите свеж сок или пак да го варите и да го пасирате, па да го варите како пире или каша.
Во продолжение прочитајте рецепт за приготвување на сок од моркови во кој може да додадете шеќер или мед, но и не мора да го засладувате. За да добиете здрав сок од морков, потребно ви е да излупите 6-8 моркови и да ги изблендирате во соковник.
Сепак, рокот на траење на вака приготвениот сок е максимум 24 часа и ќе мора да правите нова тура секој ден. Овој рецепт е многу едноставен, без додадени адитиви, а од оваа количина ќе добиете поголема количина сок кој може да го распоредите во текот на денот.
Потребни состојки: 1 кг моркови, 200 г шеќер или мед по вкус, 4 литри вода, 5 кесички лимонтус или сок од свежи лимони по вкус.
Постапка: Излупете ги морковите, измијте ги добро и исечкајте ги на прстени. Ставете ги во сад, прелијте со 2 литри ладна вода и сварете ги на тивок оган. Кога морковите ќе омекнат, процедете ги од водата во која сте ги готвеле и изблендирајте ги.
Добиената каша вратете ја во истата вода, додајте го шеќерот/медот, лимонтусот и уште 2 литри вода. Гответе ја содржината уште половина час, мешајќи повремено. Кога сокот малку ќе се подизлади, претурете го во чисти стерилизирани шишиња, затворете го и завиткајте го во ќебе.
Оставете ги шишињата во ќебе да се изладат преку ноќ, а потоа чувајте го на ладно и темно место. Забелешка: Ако имате проблем со шеќер или внимавате на исхраната, наместо шеќер, во сокот додајте мед или некој друг природен засладувач по ваш избор. Многу е вкусно ако сокот го комбинирате со сок од јаболко, портокал или лимон.
Честопати се случува, луѓето ширум светот да се излечат од рак и да ја стават болеста во регресија, користејќи ја природата и природните лекови. Некои успеле да го сторат тоа со сок од моркови.