Фото и рецепт: Мартин Најдовски
Повеќе за приготвувањето на тинктурата можете да го прашате Мартин Најдовски на неговата страница Лилма.
Овој лек е одличен за болки, особено кога станува збор за ревматични болки. Тинктурата е предобра за реума.
Лекот се прави од чемпрес, сортата која ја гледате, второто гранче на фотографијата. Постојат 2 сорти, првото гранче е сорта која е калемена и таа не се употребува, а второто гранче, односно Аризонски чемпрес (lat.Cupressus Arizonica) е лековитата сорта и се карактеризира со светло сини листови, а на плодот има боцки.
РЕЦЕПТ – Тинктура од чемпрес за ублажување на ревматични болки
Потребни состојки:
40 зелени плодови со боцки од аризонски чемпрес
1 литар посилна домашна ракија
смола од чепрес – не мора
Постапка:
40 плодови се толчат (топчињата кои се зелени сега) и се сраваат во 1 литар ракија. Теглата убаво се затвора и се оставаат да отстојат 40 дена.
Потоа доколку сакате може да ја процедите тинктурата, но не е задолжително.
Употреба: се мачкаат болните места 2 до 3 пати на ден. Во тинктурата може да ставите и смола од дрвото чемпрес, бидејќи делува како аналгетик и на тој начин да го засилите дејството.
Фото и рецепт: Мартин Најдовски