Многу вкусна зимница полна со витамин Ц! Потребни ви се само три состојки: Зелка, пиперки и сол. Зеленчукот “зрее” 15 дена и после тоа може да се користи.
Потребни состојки:
3-4 кг зелка
5-6 кг пиперки
5 литри вода
150 г сол
Постапка:
Зелката исчистете ја, односно отстранете ги горните листови и отсечете им го тврдиот дел. Пресечете ги на половина па потоа исечкајте ги многу ситно како за салата, или изрендајте ги. Ренданата зелка ставете ја во поголем плех.
Од пиперките отстранете ги дршките и семето, па ставајте ги во голем сад со вода за убаво да ги измиете. Исцедете ги.
Во еден поголем сад ставете малку рендана солка, посолете и убаво со рацете истискајте.
Повторете ја постапката со преостанатата зелка. Откако убаво ќе ја истискате со раце оставете да отстои околу еден час за да омекне. За целата зелка доволни се две лажици сол.
Откако пиперките ќе се исушат од водата, во секоја ставете малку сол и наредете ги во голема тепсија. Оставете ги и нив да отстојат еден час за да омекнат. Со оваа постапка се прескокнува варењето и на тој начин се сочувува витаминот Ц.
Солило: Во 5 литри вода ставете 150 г сол и мешајте додека да се растопи. Пиперките убаво полнете ги со ренданата зелка и редете ги во пластично буре, сад или тегли. Ако ви остане зелка наредете ја како еден слој помеѓу пиперките.
Солилото промешајте го и прелијте го преку пиперките. Поклопете со потиснувач. Затворете и оставете 15 дена, а потоа можете да ги консумирате. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: