Потребни состојки:

3 компири

3 моркови

3 варени јајца

300 г грашок

6-7 кисели краставички

300 г шунка или 1 пилешко филе

Сол

И уште:

300 г мајонез

200 г кисела павлака

Постапка:

Зеленчукот сварете го посебно во солена вода. Ако користите пилешко филе, варете во истата вода во која се варело месото. Кога е сварено изладете го и исечкајте на на ситни коцки, но немојте премногу ситно. Некои ја сакаат салатата со рендани моркови, значи кој како сака.

Исто така, сварете го и компирот, но внимавајте да не го преварите за да не ви се распаѓа подоцна, па и него исечкајте го ситно. Исечкајте ги или изрендајте ги јајцата и киселите краставички.

На крај измешајте со мајонез и павлака, не штедете на мајонез…

Послужете како предјадење во сади аранжирано со зеленчук, полнете корпички или печива од принцес крофни…