Најдобрата ПОСНА САЛАТА за малку пари. Сите ги воодушеви!

Најдобрата посна салата за малку пари. Сите ги воодушеви вкусот. Морковите подготвени на овој начин се одлични, а откако ќе ги пробате, ќе сакате редовно да ги имате на трпезата… Еве што ви е потребно според рецептот на Ивана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг моркови
4 крупни чешниња лук
1 рака ситно сечкан свеж магдонос
сол, црн пипер по вкус
сок од 2 лимони или оцет
50 мл масло

ПОСТАПКА:

Морковите излупете ги, исечете ги на тркалца и ставете ги во тенџере. Прелијте ги со вода колку да бидат прекриени, посолете ги со една лажичка сол и варете ги 20-тина минути или колку што е потребно за да омекнат (но да не се распаѓаат).

За тоа време исчистете го лукот (ставете и повеќе, по вкус) и ситно исечкјате го, помешајте го со ситно сечканиот магдонос (или лист од целер), па додајте 50 мл масло и по половина лажичка црн мелен пипер и сол.

На крај додајте исцеден сок од два лимона (или оцет) и сето убаво промешајте го.

Сварениот морков процедете го и исперете го со ладна вода и оставете добро да се исцеди од водата. Потоа сипете го во еден подлабок сад и помешајте го со приготвената маринада.

Може веднаш да се јаде, но најдобра е ако отстои до следниот ден, зашто морковот убаво ги впива сите вкусови од маринадата.

Оваа салата одлично се комбинира со разни видови печено месо и риба, а за време на пост со веге плескавици и други посни јадења. Деталите од подготовката погледнете ги ОВДЕ.