Рецепт и видео репрезентација на Том Филос. Во Македонија најпознати се Штипската и Велешката пастрмајлија, но овој македонски специјалитет се приготвува насекаде, во најразлични варијанти и комбинации.
Оригинално се прави со пастма (суво овчо месо), па оттаму и името “пастрмајлија”, меѓутоа истата пита може да се приготви и со свинско или пилешко месо, по вкус.
Пастрмајлијата приготвена според рецептот на Том Филос нема да ве остави рамнодушни. Под пишаниот рецепт можете да ја погледнете и видео презентацијата.
Потребни состојки: 700 г брашно, 1 лажичка шеќер, 10 г сув квасец (1 кесичка), 1 лажичка сол, 380 мл млака вода, малку масло за премачкување на тестото. За фил: сечкана пастрма и свински врат, по 1 изматено јајце за секоја пастрмајлија (вкупно 3)
Постапка: Во поголем сад ставете 700 г брашно, додајте 1 лажичка шеќер, 1 кесичка сув квасец (10 г), 1 лажичка сол, па промешајте. Во брашното додајте 380 мл млака вода и замесете со помош на миксер со продолжетоци за тесто или рачно.
Добиеното меко и еластично тесто кое не се лепи, малку намастете го, покријте го со проѕирна фолија и оставете го во намастен сад да стасува 60 минути на собна температура.
Тестото истресете го на набрашнета површина, премесете го и поделете го на три дела.
Од секој дел формирајте топче, а потоа валјак. Вака формираните теста редете ги врз набрашнета површина, покријте ги со памучна крпа и оставете ги да стасуваат уште половина час.
Потоа малку набрашнете ги и со помош на прстите формирајте прстен на краевите, питата да добие форма на чамец (погледни видео). Редете ги во плех обложен со хартија.
Во внатрешноста на питите наредете ситно сечена пастрма (обескостено, суво овчо месо) и парчиња свински врат. Одозгора секоја пастрмајлија прелијте ја со по едно изматено јајце.
Вака приготвените пити-пастрмајлии ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 250 степени, околу 15 минути.
Печените пити веднаш додека се топли премачкјате ги со малку масло и покријте ги со крпа неколку минути додека да подизладат. Деталите од постапката можете да ја погледнете во водеото: