“Ниската киселост на желудечните сокови е водечки извор за рак на желудник и други хронични заболувања. Ризикот од развој на овие болести се влошува со неконтролирано и несовесно препишување на антацидни препарати и блокатори на киселините”, открива специјалист по природна медицина, О.И.Синева.
Таа вели дека добро се крие и фактот дека главна причина за “киселини” не е вишокот, туку недостигот на хлороводородна киселина во желудникот. Затоа и одредувањето на киселоста во желудникот е толку важна превентивна мерка и сериозен чекор на патот кон подобро здравје.
“На сите пациенти би им препорачала да обратат внимание на киселоста на желудникот, без разлика на дијагнозата. Корекцијата на киселоста е токму критичната алка која е неопходна за оздравување”, предупредува докторката.
За одредување на киселоста на желудникот се спроведува посебна процедура која се нарекува тест “Хеидберг”.
За нејзино спроведување, пациентот треба да проголта специјална капсула поврзана со посебен конец. Откако капсулата ќе испрати радиосигнали, ја вадат од желудникот.
“Отсекогаш сум се сомневала во инструменталните методи на дијагностика. Повеќе доверба имам во клиничките методи за одредување на симптомите. Затоа сакам да ви откријам еден метод за дијагностика за ниска киселост на желудникот, која можете да ја спроведете во домашни услови”, вели Синева.
Таа открива потполно безбеден тест со сода бикарбона: “Измешајте ¼ лажичка сода бикарбона во 150 мл млака вода. Испијте го овој раствор наутро, на празен желудник. Забележете го времето кога ќе помине до првата појава на ждригавица. Доволно е да почекате не повеќе од три минути.
Ако воопшто не се појави ждригавица (не подригнете), постои веројатност дека имате ниска киселост во желудникот. Ако сте подригнале – вашата киселост е во ред” – вели Синева.
Дали овој метод е 100% ефикасен? Не за сите. Но, д-р Синева вели дека вреди да се проба. Точноста на дијагностиката се зголемува кога ќе се земат во предвид и клиничките симптоми за намалена киселост во желудникот, кои вклучуваат:
Чувство на преполнетост и подуен стомак после јадење; несварена храна, дијареа или опстипација; алергија на одредена храна; повремена мачнина; иритација околу ректумот; омекнати, разлистани и кршливи нокти; испукани капилари на образите и околу носот; габични инфекции и дисбактериоза на цревата; акни; недостиг на железо и губиток на коса.
“Ако седнете и направете анализа на горенаведените симптоми, може со голема веројатност да се посомневате на намалена киселост во желудникот, доколку сте позитивни на тестот. А дијагностиката е половина од лекувањето”, заклучува докторката.