Рецептот за оваа вкусна, едноставна гужвана пита ни го претстави нашата драга членка, почитуваната габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Рецептот навистина е многу едноставен и брзо се приготвува, а резултатот – прсти да излижеш!

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска

Потребни состојки:

500 г готови кори за пита
5 јајца
250 г сирење или урда
200 мл млеко
200 мл минерална вода
200 мл масло
1 прашок за печење

Постапка:

Рерната вклучете ја на 200 степени да се загрева додека вие ја приготвувате питата (бурек-гибаница). Тепсијата за бурек обложете ја со хартија за печење и намастете ја. Во еден сад изматете ги јајцата, додадете прашок за печиво и една чаша минерална вода (или јогурт).

Потоа додадете едно мало калапче сирење околу 250 грама (или урда), па издробете го во јајцата и промешајте. На крај додадете го млекото, но постепено, за да не ви дојде многу течна смесата.

Додадете го маслото и промешајте да добиете течност со густина како за палачинки.

Во тепсијата ставете една кора и испрскајте ја со масло. Потоа земете друга кора и гужвано натопете ја во смесата со јајца и сирење, па така растесено и згужвана ставете во еден агол од тепсијата. Но неа ставете уште една кора, натопена на ист начин, и уште две или три кори додека да се исполни целата тепсија.

Кога ќе се исполни еден ред гужвани кори, малку испрскајте ги со масло одозгора. На ист начин се редат уште 2-3 реда по 4-5 кори. Се завршува со последна кора со која се завиткува целата гибаница а крајчињата се потпикуваат внатре во тепсијата. Одозгора се порскува со остатокот од преливот и се наросува со сусам по желба.

Се пече околу 40-тина минути на 180 степени или додека да зарумени.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска