НА ПРЕГЛЕДОТ Е СÈ ВО РЕД: После 5 чекори од ординацијата се случува проблемот – Кардиолог објасни што е cпаcот

Кардиологот проф. д-р Вишеслав Хаџи Тановиќ коментираше две тpa-гедии кои се случија во Србија за само неколку дена, како и за проблемите со срцето кои не се забележат при обични прегледи.




Она што загрижува се кардиоваскуларните проблеми кои се јавуваат кај многу млади лица, а кои ретко или воопшто не се забележуваат при рутинските прегледи. Па така, едно шеснаесетгодишно момче се онеc-веcти на фудбалскиот терен на Ада, а друго 21-годишно момче по-чина откако падна на сцената на Купусијада.




Оваа вест ја зап-репасти цела Србија во текот на викендот, бидејќи сите си го поставуваат прашањето, како е возможно млади и здрави луѓе едноставно па-ѓаат и да yми-paaт? Проф. д-р Вишеслав Хаџи Тановиќ објасни дека младите, па дури и децата, можат да имаат проблем со срцето или некој вирус што ги „на-паѓа“, без тоа да се забележи, додека не е предоцна.




Затоа е особено важно превентивниот преглед на срцето под оптоварување (а не, обичен), да се направи пред започнување на каква било физичка активност, особено кај младите кои планираат да тренираат некој спорт.




„Имаме добра соработка со педијатри и ги следиме таквите проблеми веќе со години, знаеме за постоењето на „коксаки“ од кој па-ѓаат децата на спортските терени. Се сеќавам на едно 15-годишно момче кое по-чина во ФЗО, имаше коксаки, а не било претходно прегледано.




Кој и да планира да се занимава со спорт, мора претходно да оди на тест за оптоварување. Ништо не значи обичниот преглед и од него не може да се откријат скриените болести. Затое е потребно да се види реакцијата на срцето кое е под оптеретување.




Веројтно се случило истото и со ова младо момче. Дете со коксаки вирус многу побрзо се заморува од другите, здрави деца, а тоа тренерот, па и докторот на прегледот мора да го забележи. Оптеретеното срце не може да го издржи оптеретувањето и затоа запира и престанува да работи.




Познато е дека вирусите го на-паѓаат срцето, па виремијата, како и грипот може да доведат до ненадејна с мрт кога сме под напор“, објасни докторот. „Иако постојат некои проблеми со срцето кои почесто ги пого-дуваат жените или постарите лица, сепак не постои правило за возраста во такви ненадејни епизоди“, рече тој.




„Дури и на возраст од пет, десет или 50 години, професионален или рекреативен спортист мора да дојде кај кардиолог за стрес ехо и стрес тест“, рече тој, додавајќи дека спортските клубови треба да го воведат тоа како обврска, но дека тоа во пракса не се случува.




Нема карактеристични симптоми за проблеми со срцето, и затоа некој нема воопшто да знае дека има проблем, сè додека тој да се појави одеднаш. „Јас уште пред 15 години инсистирав задолжително да се воведе за олимпијците. Но, постојат спортски клубови кои се спотивставија, нема да ги именувам, а 20-годишни момчиња можат да yм-pат на теренот.




Некој таму само потпишува хартија и тоа е тоа. Никој не треба да оди спортско игралиште без таков тест. Истото важи и за рекреативците кои од хоби сакаат да започнат со некој спорт. Ова тестирање потребно е да се прави на секои шест месеци. И тогаш ќе нема изненадувања. Изненадувањето е незнаење и непочитување на постапките“, рече тој.

„За време на редовниот, обичен преглед, дури и најтешките срцеви па-циенти имаат нормален наод, бидејќи се седнати. А потоа стануваат и по пет чекори не можат да ди-шат! И оние кои мислат дека се здрави мора да поминат низ целосен преглед за да се утврди како се однесува срцето при напор“, објасни тој.

Претходна статијаВРЕМЕ Е ЗА ЧАЈ ОД ЦИМЕТ: Помага во 6 здравствени состојби, а може да намалите и 2 конфекциски броја
Следна статијаДОМАШНА АЛВА ОД 6 СОСТОЈКИ без брашно, ориентален рецепт кој се послужува за гостите да ве памтат по добро